Неделен хороскоп
jarec Јарец
21.12-19.01

Доколку сте сфатиле дека убавината на живеењето лежи во малите работи, на вистинскиот пат сте. Доколку не, што да се прави? Можеби и вие ќе се опаметите.

Работа: Се наоѓате во состојба кога тактичноста е попотребна од било кога. Бидете упорни и одмерени, бидејќи само така ќе ги остварите задоволителните резултати.

Здравје: Настапи подобрување. Полесен хормонски дисбаланс е од минлив карактер. Сексот е вистинскиот начин да воспоставите рамнотежа.

Љубов: Многу убави моменти наоѓате ако не во прегратка на саканата личност, тогаш барем во креативната работа. Бидејќи сте практични, ќе се обидете овие две работи да ги обедините.

Совет: Животот е убав, па затоа треба максимално да се ужива во секој момент. Доколку сакате до нешто да дојдете бидете подиректни и поодредени.

Последно освежено: Понеделник, 26 Јули 2010 09:07
 

Најнови Игри

ИгриИгри
игриigri

Онака

" Сé се врти во круг. Сите сме одговорни за сопствените дејства. Ќе ни се вратат. "
Бети Лавердур, Оџибва