Неделен хороскоп
rak Рак
21.06-20.07

Убаво се чувствувате, фантастично изгледате. Вашата преубава појава зрачи со шарм и оптимизам и тоа благодарејќи на благонаклоноста на планетарните делувања.

Работа: Соработниците  настојуваат да ве исфрлат од колосек, за право чудо тоа не им тргнува од рака. Доволно сте хармонични и силни, така да, ги игнорирате злонамерните личности.

Здравје: Релативно добро се чувствувате. Обидете се да го задржите овој стил на размислување и однесување, па ќе бидете не само поздрави, туку и посреќни.

Љубов: На прослави или седенки ќе запознаете интересна личност, дури и ќе се заљубите. Оваа седмица е во знакот на романтична љубов, или мечтаење за таква.

Совет: Уживајте додека можете и не се оптоварувајте со бесмислици. Предизвици ќе има на претек, но не осврнувајте се на нив.

Последно освежено: Понеделник, 26 Јули 2010 09:01
 

Најнови Игри

ИгриИгри
игриigri

Онака

" Без оглед колку работите изгледаат црни или всушност се, крени го погледот и види ги можностите - секогаш види ги зошто секогаш постојат. "
Норман Винсент Пил