Како најдобро и најбезбедно да ги исчистите слушалките за мобилен телефон?

Слушалките за мобилниот ги носиме на пат за накај работа, додека вежбаме, кога слушаме музика во автобус и на многу други места.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-01.jpg

Секојдневно ги користиме, но често забораваме да провериме дали се чисти.

Нечистотијата што се собира на слушалките може да предизвика здравствени проблеми, како на пример иритации на кожата, воспаленија или проблеми со слухот.

Прочитајте како најдобро и најбезбедно да ги чистите слушалките:

1. Чистете ги слушалките со нежно средство за чистење. Можете да измешате благ шампон или сапун за раце и топла вода или сјај за миење садови со топла вода.

2. Натопете еден дел од мека крпа во течноста, но внимавајте да нема премногу сапуница и премногу вода бидејќи со тоа може да се оштетат слушалките.

3. Ако има нечистотии или прашина на металните делови од слушалките, исчистете ги со сува четка за заби. Четката за заби ќе ги исчисти најситните делови што не можат да се исчистат со обична крпа.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-03.jpg

4. Некои слушалки за уши имаат силиконски навлаки кои можат да се скинат или одвојат. Нив перете ги посебно и добро исушете ги.

5. Уште еден начин да ги исчистите слушалките е ако на стапче за уши ставите малку алкохол и со него ги поминете сите делови од слушалките.

kako-najdobro-i-najbezbedno-da-gi-ischistite-slushalkite-od-mobilniot-05.jpg

6. Никако не смеете да ги перете слушалките во сад со вода или под млаз вода бидејќи трајно ќе се расипат и нема да функционираат.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 кратки и корисни совети за намалување на прашината во домот Ставете килимче пред влезната врата – и однадвор и одвнатре – и не заборавајте д...
6 места во вашиот дом каде што се кријат алергените (и треба добро да ги исчистите) Одржувањето чиста и здрава животна средина е од клучно значење, особено за поеди...
Облеката на поранешниот партнер и уште 6 други работи што веднаш треба да ги исчистите од гардеробер... Облеката на поранешниот партнер, белата кошула со жолти дамки што сте ја наследи...
Рерна, загорено тенџере: Што сè можете да исчистите со таблети за машина за садови? Дали стаклото на вратата од рерната ви е премногу валкано за да видите кога е го...
Трикови за чистење со продукти што сигурно ги имате дома Можете да искористите мешавина од бел оцет и сода бикарбона за бигорот во тоалет...
Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg