Како правилно да ги миете чашите за вино за да светат како на рекламите?

Миењето садови не е баш најомилената домаќинска задача во домот, но е секојдневна обврска што мора да се заврши.

kako-pravilno-da-gi-miete-chashite-za-vino-01.jpg

Ако често пиете вино сами или во друштво, има неколку работи што треба да ги знаете за чашите за вино секогаш да ви сјаат.

Следете ги следниве едноставни совети и омилените чаши за вино ќе ви траат многу подолго:

1. Кога ги миете чашите за вино, не треба да ги фаќате за „дршката“ бидејќи ова е најчувствителниот дел од целата чаша. Фатете ја целата чаша внимателно и измијте ја.

Така нема голем ризик да ви се лизне и да ви се скрши.

2. Винските чаши не смеете да ги миете со врела вода. Врелата вода предизвикува пукнатини на стаклото, па затоа најдобро е да ги миете со млака вода.

Ако чашата е од кристал, врелата вода не може да ја оштети, но чашите од потенко стакло се почувствителни.

3. Не ги мијте чашите за вино со детергент кој има силен мирис. Овој мирис може да се измеша со мирисните ноти на виното, па виното да добие различен вкус.

Одберете детергенти со неутрален мирис.

4. По миењето, веднаш избришете ги винските чаши со крпа. Капките од вода може да остават дамки и наслаги на стаклото, па затоа по миењето избришете ги чашите со хартиена или памучна крпа.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Корисни трикови со кои ќе го средите хаосот и во најмалата кујна Ротирачка полица за зачините, посебна кутија за вреќички чај и закачени лажици з...
6 работи со кои им го отежнувате чистењето на хигиеничарите во вашиот дом Чистите, вие ставате средства во бањата и не сте јасни со вашите барањата – кои ...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
14 кратки и корисни совети за намалување на прашината во домот Ставете килимче пред влезната врата – и однадвор и одвнатре – и не заборавајте д...
Секојдневни продукти со кои треба да бидете внимателни кога ги користите Претераното консумирање цимет може да го оштети црниот дроб, додека мешањето хем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg