Чист дом за 20 минути: Златни правила кои штедат време и енергија

Секогаш кога се менува годишното време, пожелно е го средиме домот и да го подготвиме за новата сезона.

chist-dom-za-20-minuti-zlatni-pravila-koi-shtedat-vreme-i-energija-01.jpg

Но, чистењето не ни е омилена активност, па некако се обидуваме да го одложиме, особено кога ќе дојде викенд и ни се прават други, поинтересни работи.

За да си го олесните чистењето на домот, кое е секако неизбежно, следете ги овие златни совети кои штедат и време, и енергија:

Применето го правилото 20/10

Ова едноставно правило предлага да чистите 20 минути и да одморите 10 минути. Така ќе го избегнете „маратонското“ чистење и нема да се чувствувате како пред вас да стои невозможна задача.

Претворете го чистењето во игра

Погледнете околу себе и најдете 10 работи кои не се ставени на место и наместете ги. Или, наместете аларм за 10 минути и во тоа време средете сè што можете: фрлете го ѓубрето, избришете прашина, средете ја облеката во плакарот и слично.

Направете пауза кога ќе заѕвони алармот.

Направете фотки „пред“ и „потоа“

Кога постојано живееме во неред, не можеме да замислиме како би ни изгледал домот целосно среден и исчистен. Направете фотки пред да исчистите и откако ќе исчистите и видете ја разликата.

Веднаш ќе забележите напредок кој ќе ве поттикне да продолжите со чистење.

chist-dom-za-20-minuti-zlatni-pravila-koi-shtedat-vreme-i-energija-02.jpg

Распоредете ги обврските

Ако живеете со партнерот, семејството или некој пријател или пријателка, сигурно не ги делите истите навики или ставови за тоа што значи среден дом. Не се нервирајте околу тоа, но сепак распоредете ги обврските за да не падне сè само на вас.

Еден нека го фрла ѓубрето, друг нека чисти со правосмукалка, па ако е потребно направете промени во распоредот во зависност од слободното време.

Не очекувајте дека домот ќе ви биде совршен

Напуштете ја идејата за совршенство. Колку и да се трудите, тоа нема да го постигнете. Нема да имате секогаш време да ги закачите алиштата на закачалка или да ги измиете сите садови и тоа е во ред.

Опуштете се, забавувајте се и уживајте во вашиот простор.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
5 работи за домот кои се бескорисни и за кои само фрламе пари Сапуни во вид на фигури, кујнски апарати кои „можеби ќе се најдат“ - колкупати с...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
10 корисни кујнски трикови што треба да ги знаат сите домаќини и домаќинки Како да омекнете кристализиран мед, како магдоносот да ви трае подолго и како да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg