11 совети од поранешни провалници како да го заштитите домот од грабежи

Големо куче, знаци за аларми и оставени светилки се само дел од триковите што мора да ги применувате.

11-soveti-od-poraneshni-provalnici-kako-da-go-zashtite-domot-od-grabezi.jpg

Сите знаеме дека потребни ни се сигурносни врати и камери за да го заштитиме нашиот дом од кражби, но што повеќе можеме да сториме?

Mрежата Reddit крие вистинско богатство од информации, па во рубриката „Ask Reddit“ пронајдовме совети од поранешни провалници како да го заштитите вашиот дом од кражби:

1. Бидете во добри односи со соседите, па така кога не сте дома тие ќе фрлаат поглед кон вашиот дом. Ова особено важи за постарите соседи, кои во најголем дел од денот се дома.

2. Поставете светилки на сензори кои реагираат на движење. Така можеби ќе ги исплашите провалниците, а ако не барем ќе ги осветлите за да ги уловите со јасна снимка на камерите поставени во вашиот дом.

3. Ставете знаци кои посочуваат дека имате аларм. Ако има на прозорците, на вратите, секаде, провалниците ќе го избегнат вашиот дом.

4. Бидете внимателни кого пуштате дома. Поголемиот дел од грабежи се случуваат од луѓе кои некогаш имале влезено во тој дом како гости.

5. Не заборавајте да ги заклучите вратите и да ги затворите прозорците, дури и ако излегувате само на кратко и сметате дека вашето соседство е безбедно.

6. Големо опасно куче е најдобрата заштита од грабежи што можете да ја имате. Подобро од скапи брави и аларми.

7. Оставете пар големи работнички чевли пред вратата. Провалникот може да помисли дека во тој дом живее крупен маж, кој може да го повреди.

8. Светлото во тоалетот оставете го пуштено кога излегувате. Провалникот ќе мисли дека има некој дома и нема да влезе.

9. Ставете ролетни или завеси на прозорците. Кога вашиот телевизор со огромен екран светка навечер случајните минувачи го гледаат, па за провалниците тоа може да биде инспирација.

10. Отворете ги очите кога врне. Дождот го маскира звукот на провалување на гаражата, па е совршено време за провалникот да нападне.

11. Ако живеете во куќа, нема потреба да чекате Нова Година за да ставите многу светилки во дворот. Сторете го тоа сега за да се заштитите од провалници.

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
Кафе, квасец: Производи во кујната што ги чуваме погрешно, па најчесто ги фрламе Шеќер - Препорачливо е шеќерот да го купувате во ограничени количини, бидејќи е ...
Предмети во домот кои е препорачливо да ги заменувате со нови еднаш годишно Завесата во бањата е совршено место за развој на мувла и бактерии, дури и ако ре...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
Корисни трикови како да ги измерите состојките „од око“ (а да се точни) Ви се случило ли кога готвите да ставате состојки „од око“? Но, што ако рецептат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg