Дали сијаличките на елката и вие ги ставате погрешно цел живот?


Дали сијаличките на елката и вие ги ставате погрешно цел живот?

Хоризонтално или вертикално, како ги поставувате вие сијаличките на вашата новогодишна елка?

sijalichkite-na-elkata-gi-stavate-pogreshno-celiot-zivot-02.jpeg

Има многу дилеми околу китењето не елката – која големина е совршена за вашиот дом, каква боја да бидат лампионите, дали е прерано да ја накитите сега и низа други дилеми.

Но, за едно сите се согласуваме – елката мора да има сијалички за да блесне во полн сјај.

Повеќето луѓе ги местат сијаличките хоризонтално, почнуваат оддолу или одгоре и ги обвиваат по гранките на дрвото.

sijalichkite-na-elkata-gi-stavate-pogreshno-celiot-zivot-03.jpg

Но, ова е погрешно според дизајнерот за ентериер Франческо Билото. Тој тврди дека сијаличките треба да бидат поставувани вертикално, бидејќи на овој начин секое делче од вашата елка од горе до долу ќе светка убаво.

Тој, исто така, додава дека на овој начин сијаличките нема да бидат сокриени позади гранките.

sijalichkite-na-elkata-gi-stavate-pogreshno-celiot-zivot-01.jpeg

Франческо ве советува да започнете да ги ставате сијаличките од врвот на елката, па надолу, потоа на неколку сантиметри на страна да ги качувате нагоре, па назад и да повторувате додека не ја покриете целата елка со сијалички.

Китењето на елката хоризонтално според Билото не е правилно, но можеби некои луѓе не сакаат да бидат во право, туку сакаат да го сторат тоа на начинот на кој ним им одговара.

Вие како ќе ги поставите сијаличките на елката годинава?

sijalichkite-na-elkata-gi-stavate-pogreshno-celiot-zivot-03.jpeg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи кои од денес треба да ги правите на нов начин Секој ден несвесно правиме стотици работи кои веќе станале механичка, а не проми...
Кој е правилниот начин да затоплите пица? Колку пати ви останале неколку парчиња пица, но не сте можеле да уживате во потп...
Трикови за подобра организација на просторот во домот Ако не сакате домот да ви е во неред и да немате место за ништо, тогаш ова ќе ве...