Што да правите, а што не, ако ви се скрши топломер со жива?

Колку и да излегуваат нови, модерни и дигитални топломери, по навика секогаш им веруваме на оние старите со жива.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-vi-se-skrsi-toplomer-so-ziva-001.jpg

Знаејќи колку живата може да биде опасна, доколку ви се случи незгода и топломерот заврши искршен на парчиња, мора да примените неколку основни правила:

Што никако не смее да правите?

Не оставајте деца и животни сами во собата. Не ризикувајте.

Не ја собирајте живата со правосмукалка. Топлиот воздух може да поттикне испарување на отровите.

Не ја собирајте живата со метла. Тоа може да ја распарчи на мали, ситни делчиња.

Не користете крпа. Не ризикувајте да дојдете во директен допир, живата е непредвидлив материјал.

Не ја фрлајте директно во канта.

Не отворајте прозор ако надвор е топло. Топлината ќе го разнесе мирисот и отровите низ целиот дом.

Не ги перете ткаенините кои на себе имаат жива. Подобро фрлете ги.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-vi-se-skrsi-toplomer-so-ziva-1.jpg

Што да правите?

Отстранете ги сите грејни тела од собата. Може да отворите прозор, но само ако воздухот не дува директно на местото каде живата е распрсната.

Чистете со материјали кои не апсорбираат течност. Гумените ракавици и најлонски заштитници за чевли се задолжителни.

Земете влажна четка (мала, за боење), шприц со тенка игла, тврда картонска кутија и сад со вода. Средните и малите топчиња вшмукајте ги со шприцот, големите истуркајте ги со влажна четка на картонска кутија и претурете ги во тегла со вода. Собирајте ги капките од центарот на распрскувањето кон страните.

Користете светилка на батерии за полесно да воочите дали некаде останале траги од жива. Живата свети на светлина.

Собраната жива ставете ја во кеса и убаво врзете ја. Јавете се на лице или институција која стручно ќе ве советува каде да ја фрлите живата за да не нанесете штета.

Внимателно измијте се, проплакнете ја устата со сода бикарбона растворена во вода и испијте неколку јаглени за детоксикација. Пијте повеќе течности.

Собата во која се случила несреќата затворете ја неколку дена и оставете само еден отворен прозорец.

shto-da-pravite-a-shto-ne-ako-vi-se-skrsi-toplomer-so-ziva-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Валкани штекери и уште 9 ситници поради кои домот ви изгледа неуредно во очите на гостите Дамки од бигор на чешмата, расфрлани шминки и овенато цвеќе – постојат ситници н...
9 работи во домот што можете да ги оштетите ако ги чистите (или перете) многу често Можете да ја користите истата крпа и 3-4 дена ако ја закачувате на место на кое ...
6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
10 ситници во бањата кои прават да изгледа валкано и неуредно Ако ставите крпи со иста боја, ги средите каблите од пеглата за коса и сличните ...
Работи што ги правите погрешно кога го чистите домот (и можат да бидат опасни) Ги чистите тавите со жичка и користите чистач на пареа за тепихот – со овие греш...
Предмети кои сите ги имаме дома, а се „дувло“ за инсекти Старите книги, ЛЕД сијалиците, картонските кутии и дрвените полици се рај за жив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg