Најголемото Велигденско дрво украсено е со 10.000 шарени јајца (фото)

Ако досега не сте слушнале за Велигденското дрво, време е да го видите најубавото и најшареното дрво во Германија. Семејството Крафт, веќе долги години ја негува традицијата за украсување на Велигденското дрво со што поголем број шарени јајца.

za-2-nedeli-ukraseno-e-najgolemoto-veligdensko-drvo-so-10000-sareni-jajca-foto-01

Целата магија започнала уште во 1965 година кога на едно дрво закачиле 18 јајца. Секоја следна година ставале сè повеќе јајца. Во 1994 година на дрвото имало 350 јајца, а денес е украсено со 10.000 шарени јајца, кои прават оваа крошна да изгледа волшебно.

Она што е интересно е дека тие не ги редат само тукутака бојадисани јајца, туку на повеќето од нив ќерката на Криста и Вокер, Габриела Румрих слика фантастични минијатурни уметнички дела.

Имаат посебна просторија и работилница каде грижливо се трудат да им посветат многу внимание на јајцата.

Ова дрво одамна е претворено во туристичка атракција поради која доаѓаат илјадници посетители за време на велигденските празници, да ја видат магичната глетка.

Речиси секое јајце е различно дизајнирано и за тоа треба многу труд, време и љубов. Кога завршува празникот дел од јајцата ги јадат децата, дел ги даваат во хуманитарните заедници за сиромашни, а еден дел кои се пластични ги чуваат за следната година.

Кога ќе се извадат јајцата и ќе расцвета дрвото се претвора во прекрасна раскошна јаболкница.

Би можело да ве интересира:

Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...
Одгледување бонсаи во 6 чекори - доволно едноставни и за неискусни Одберете вид на дрво кое расте бавно, не претерувајте со наводнување и повремено...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg