Совети од професионалните цвеќари: Како цвеќето во домот да ви трае до 3 пати подолго?

Комбинацијата на неколку видови на цветови ќе го направи секој дом поубав и ќе му даде разноликост и топлина. Со помош на овие совети, таа убавина во домот ќе ви трае три пати подолго време...

soveti-od-profesionalnite-cvekjari-kakcvekjeto-vo-domot-da-vi-trae-3-pati-podolgo-001.jpg

1. Ако сакате цветниот аранжман да трае што подолго, одберете хризантеми. Секој цвет има различен животен век, па најдобро би било да проверите со цвеќарницата или да прочитате на етикетата пред да го купите.

2. Врз основа на бојата можете да заклучите колку навистина е свеж цветот. Ако забележите дека листовите се бледи или жолтеникава, пупките отворени, тогаш не го купувајте овој цвет.

3. Цветот нема да остане долго време свеж ако го извадите од вода. Секоја секунда е важна. Затоа добро би било веднаш после купувањето да одите дома и да го ставите цветот во вазна.

4. Спасете го овенатото цвеќе на тој начин што стеблото ќе го ставите во зовриена вода и ќе го извадите после 10 секунди. За розите ви е потребна половина минута, а истото важи и за цветовите со подолги стебла.

5. Никако не смеете да го скршите стеблото, бидејќи на тој начин цветот нема да прима доволно вода. Со ножици исечете го стеблото, но тоа правете го под вода за цвеќето да не прими воздух.

soveti-od-profesionalnite-cvekjari-kako-cvekjeto-da-trae-3-pati-podolgo-2

6. Бактериите се најголема опасност за билките. Затоа секој цвет добро измијте го со вода, во која претходно сте додале лажичка алкохолен оцет. Секој ден по малку кратете го стеблото и менувајте ја водата, а доколку еден цвет овене тргнете го од другите.

7. Цвеќето мора да се храни. Не е доволно само да се стави во вода, туку во цвеќарниците ќе пронајдете и торбички кои служат за потхранување на цвеќињата. Во нив најчесто има шеќер и антибактериски средства. Исто така, во водата можете да додадете 1dl лимонада.

8. Кога правите букет, обрнете внимание на овие три работи: во средината ставете најголемиот и најатрактивниот цвет. Потоа одберете поголем број на цветови со кои ќе го пополните остатокот од букетот. За крај, додајте неколку мали цветови со различни бои и текстури за да добиете единствен изглед.

Би можело да ве интересира:

6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Среќен бамбус – Како да се грижите за него и зошто е добро да го имате во домот? Таканаречениот среќен бамбус може да вирее во секој дел од домот, но, според Фен...
Цвеќиња кои секогаш ги подаруваме, но не го знаеме нивното значење Секој цвет има своја симболика па со оглед на тоа каква порака сакате да пренесе...
Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
Бети од кочанско креирала мини рај во нејзиниот двор во Франција: „Законски сме обврзани да ја косим... „Маслинката беше обична маслинка и јас си ја кроев вака на облаци. Шимширот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg