Божиќна ѕвезда - најубавиот декоративен украс за празниците

Полека ги вадиме елките, лампионите и сијаличките на мегдан. Но, во многу домови може да се забележи и најубавиот жив декоративен украс, цвеќето без кое не може да се замисли празничната сезона–раскошната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе.

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras-01.jpg

Неговите бои варираат од нежна беж до најпрепознатливата црвена како крв боја.

Ова тропско растение, односно грмушка води потекло од Мексико или Централна Америка.

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras (1).jpg

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras (2).jpg

Покрај многубројните обожаватели на ова цвеќе, многумина го избегнуваат затоа што сметаат дека неговиот век е краткотраен и нема поента да се трошат пари на нешто што трае толку малку.

Но, со правилна нега, божиќното цвеќе може да издржи цела година, па дури и повеќе.

Откако ќе прецвета, треба да се премести во постудена просторија, бидејќи следува периодот на мирување. Тоа е она што треба да го знаете на самиот почеток.

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras (6).jpg

Божиќната ѕвезда не цвета во текот на целата година, па не се разочарувајте кога настапува периодот на мирување.

Додека цвета пак, клучот е да се чува во малку постудена просторија.

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras (3).jpg

Парадоксално, божиќната ѕвезда бара светло место (најдобро покрај прозорецот) и влажен воздух, но поладна температура.

Божиќното цвеќе или еуфорбија е растение со краток ден. Тоа значи дека цвета кога денот е пократок од 12 часа. Ако просторијата каде што е сместено е осветлена подолго од 12 часа тоа нема да процвета.

Како да ја спасите божиќната ѕвезда откако ќе прецвета?

Кога ќе паднат и последните цветови од раскошното црвено цвеќе, веднаш префрлете го во постудена просторија. Најдобро е температурата да биде некаде помеѓу 10 и 12 степени.

Во овој период на мирување не треба да го полевате растението.

Пресадувањето се прави во април директно во свежа и хранлива земја.

Скратете ги гранчињата на должина од околу 10 cm и внимавајте да ги запечатите местата со восок од свеќа или запрашете го со малку дрвен јаглен, со цел да не истече млекото од цвеќето.

Доколку млекото истече постои голема веројатност цвеќето да не процвета.

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras (5).jpg

Свежо пресаденото растение бара малку повеќе светлина и топло место, повторно во близина на прозорецот. На почетокот се налева внимателно, а кога ќе почне да пушта нови гранчиња и ливчиња се залева пообилно, секогаш со млака вода.

Сега, откако ги дознавте чекорите како да го одржите божиќното цвеќе подолго во живот, време е да си купите едно (или неколку) за дома.

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras (7).jpg

Bozikna-zvezda-najubaviot-ziv-dekorativen-ukras (8).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хоја – Растение со уникатен изглед кое мириса на мед, а не бара голема нега (фото) Хоја, познато и како восочен цвет, е растение со уникатен изглед чии цветови исп...
Што да направите за розите во вашиот двор да изгледаат како од списание? Наскоро ќе започнат да цветаат па доколку сакате да се гордеете со ваш...
Дворче во Градско со лулашки личи на вистинско игралиште и е сон за секое дете (фото) Освен лулашките, во дворчето на Даниела и Томе има и летниковец со хамок, но и и...
6 собни растенија кои лесно ќе преживеат, дури и во домот на „најнегрижливите“ На некои цвеќиња вода треба да им ставате еднаш месечно, други не бараат светлин...
Дворче во Чучер Сандево со базен, цвеќиња и палми за совршено летно уживање (фото) Кога помислувате на летно опуштање додека сте дома, една од првите мисли сигурно...
Водич за почетници: Како да се грижите за лимоново дрво ако живеете во стан? Иако на прв поглед изгледа комплицирано, не треба да сте експерт за да се грижит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg