Убави простори: Светол модерен стан во населба Аеродром

Во потрага по креативно решение за вашиот дом, секогаш се добредојдени идеите од професионалците.

ubavi-prostori-svetol-moderen-stan-vo-nas-aerodrom-01.jpg

Овој пат разгледуваме ентериер на стан во Скопје во населба Аеродром, изработен од тимот на Биро Проект.

Станува збор за трособен дуплекс стан, oриентиран на југоисточна страна. Истиот е организиран во две нивоа, и тоа: во првото ниво се сместени дневната соба со катче за работа, трпезарија, кујна и тоалет, додека на второто ниво се детската соба, спалната соба и бањата.

Ориентацијата на станот изобилува со дневна светлина која е успeшно искористена преку аголно поставените застаклени прозорски сегменти.

ubavi-prostori-svetol-moderen-stan-vo-nas-aerodrom-02.jpg

Најзабележителен дел во станот е скалишниот крак. Тој е составен од метална конструкција на која се поставени дрвени скалници изработени од даб, со ограда од дрвен ракохват и метални шипки поставени наизменично, со цел да се постигне безбедност и естетски израз.

Вториот скалник продолжува во комода за телевизор со стаклена полица под неа.

ubavi-prostori-svetol-moderen-stan-vo-nas-aerodrom-03.jpg

Елементите во станот се комбинација на дрво-костен и фарбан медијапан во бела боја.

Целиот стан разгледајте го во продолжение:

Повеќе информации за уредување на вашиот ентериер може да најдете на веб страната на Биро Проект или на Фејсбук страната.

Би можело да ве интересира:

На гости кај Христина: Стан во Скопје од 80m2 уреден во минималистички стил со елементи од орев „Сакавме отворен простор со многу светлина, едноставен, со класичен, минималисти...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg