Дубаи ќе има хотел со сопствена дождовна шума

Најновото архитектонтско чудо кое ќе се појави во Дубаи е хотел кој во себе ќе содржи сопствена дождовна шума.

Dubai-go-gradi-prviot-hotel-so-sopstvena-dozdovna-suma-01

Предвиден да се отвори и почне со работи во 2018-та година, хотелот кој ќе го носи името „Rosemont Hotel and Residences“ ќе се протега на повеќе од 185 илјади квадратни метри и ќе вклучува хотел, станбен и рекреативен простор, вештачка плажа како и базен со стаклено дно кој ќе се протега над улиците на Дубаи.

Хотелот дизајниран од архитектонското студио „ZAS Architects“ ќе биде составен од 47-катна кула која веднаш до себе ќе има уште една таква кула која ќе се користи како станбен комплекс и ќе вклучува 280 апартмани.

Дождовната шума која е предвидена да зафаќа околу 7 илјади квадратни метри ќе биде сместена во делот наречен „подиум“ кој ќе претставува основа за двете кули.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...
Уникатно место во Битола кое ќе ви разбуди емоции - хотел со прв интимен театар во Македонија (фото) Хотел Театар е магично место со прв интимен театар во Македонија, сместено во це...
Илија од беровско направил оаза од кактуси во станот во Скопје: „Гостите се воодушевуваат“ Погледнете како со малку креативност и многу цвеќиња може да се направи вистинск...
Рустична таверна со една маса во Охрид - со спектакуларен поглед на езерото, цвеќе и цитрусни детали... Испуканата патека, кадифените столици, белата скала, старото рачно изработено бу...
6 интимни локали во Македонија, со по неколку масички и посебен шарм Од уметничкото кафуле Лувр, каде ќе се вљубите во делата на ѕидовите до минимали...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg