Ѕвездено небо, туш кабини, бар - летање со најголемиот авион на светот (фото)

„Emirates“ денес имаат повеќе Airbus A380 авиони за поголем комфор при комерцијалните летови на своите патници. Ова е всушност и најголемиот патнички авион кој постои моментално.

kako-izgleda-letanjeto-so-airbus-1380-najgolemiot-patnicki-avion-01.jpg

Airbus A380 може да собере и до 853 патници, зависно од конфигурацијата на седиштата, а тоа дава и екстра можност за поголем комфор.

Во авионите има барови, место за релаксирање, па дури и приватни кабини за оние кои се подготвени да платат повеќе.

Во кабината има и специјални светлосни системи соодветно за секое расположение и време во текот на денот.

На вашето седиште можете да најдете ќебе кое е направено од рециклирани шишиња, маски за спиење, четки за заби, чорапи, па дури и играчки за децата.

Погледнете како изгледа летањето со Airbus A380:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg