Стан во кој секој ден е пролет

Пролетта е сè поблиску, па вистинско време е да размислите дали и како ќе ја внесете магијата на новото годишно доба во домот.

enterier-vo-boite-na-proletta-001_resize.jpg

Ентериерот кој ви го претставуваме во продолжение е вистинска инспирација за таа намена. Станот е со површина од близу 80 метри квадратни, а восхитува со светлината, свежината и игривоста.

Пастелните зелени нијанси, сончево жолтата и нежно сината, во комбинација со пријатните дрвени допири и вештачката трева како детаљ, совршено ги пресликуваат мотивите на природата во просторот, давајќи му неодоливо привлечна пролетна нота.

Покрај естетиката, не е за занемарување ниту функционалноста на дизајнот, кој е компактен, одлично испланиран и комплетно ги задоволува потребите на младо семејство со мали деца.

Погледнете како е уредено секое катче од овој живописен дом и одберете ја омилената идеја за вашиот животен простор:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
Местенце во Охрид е вистинска есенска бајка со винтиџ детали, тикви и совршено зајдисонце над езерот... Во најубавите златно-жолти тонови ќе уживате во залезот над Охридското Езеро... ...
На гости кај Симона: Современ стан во Скопје со доминација на темни тонови и совршено зајдисонце (фо... „Главниот фокус во дневната соба е на масивната сива гарнитура од букле материја...
Магичен бар покрај море во Неос Мармарас во кој ќе се чувствувате како на Санторини (фото) Ако ја сакате магијата на Санторини, а немате можност да одите таму, во Неос Мар...
Локал покрај море во Солун - „Les Zazous“ е уживање за сите сетила (фото) Овој ресторан со модерен амбиент им е омилен на инстаграмџиките. Од поглед кон м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg