Викенд релаксација: Планинска куќа со неодолив амбиент

Сонувате за лежерно викенд бегство во мирно катче далеку од градската врева? Оваа несекојдневно привлечна викендичка ги остварува сите мечти.

vikend-inspiracija-planinska-kukja-so-neodoliv-ambient-1.jpg

Сместена во живописно планинско опкружување, со преубави видици на околната природа и изобилство од сончева светлина која продира низ мноштвото прозорци, куќата која ви ја претставуваме во продолжение е вистинска оаза за одмор и релаксација од бурното секојдневие.

Ентериерот е хармоничен и комфорен, со изобилство од дрвени допири кои го облагородуваат нејзиниот дизајн, давајќи му топла и гостопримлива нота на секое катче. Со изборот на бои, детали и ткаенини, пак, куќата е модерна интерпретација на традиционалните дрвени колиби, нудејќи сè што е потребно за удобен престој и среќно поминати мигови на едно цело семејство.

Прекрасна викенд инспирација, зар не? Погледнете ги фотографиите и уживајте во глетките!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото) „Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сит...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
На гости кај Тина и Даниел во Илиноис: Семејна куќа на Македонци од 600m2, лоцирана на голф терен (ф... „Стилот на куќата е класичен и модерен, со главен фокус на дневната соба во која...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg