Модерен стан за младо и активно семејство (фото)

Удобноста, чистината и добрата енергија се главни обележја на овој квалитетно уреден простор, кој ги задоволува сите потреби на неговите сопственици.

modern-stan-za-mlado-i-aktivno-semejstvo-foto-1.jpg

Динамичното темпо на секојдневието наметнува бројни предизвици, особено за младите двојки. Еден од нив е и создавањето убаво, практично и современо гнездо за заеднички живот.

Ентериерот кој ви го прикажуваме е проект што совршено одговара на желбите на младо и активно семејство, кое сака да се дружи, опушта, работи, готви и дочекува гости во својот дом.

Станот е со модерен призвук, обединувајќи повеќе различни финеси на скандинавскиот стил во една естетска и повеќенаменска целина, која е како создадена за неговите сопственици.

Дневниот престој е пример за вешт спој на удобност и стил, со привлечен дизајн на мебелот. Парчињата кои се одбрани за оваа зона се едноставни, функционални и минималистички, а во просторот преовладуваат чистите линии и воздушестиот амбиент.  

Основни бои се сивата и белата, со акценти во црна и сончево жолта нијанса, која привлекува внимание со својата ведрина. Дневната соба комуницира со кујната и трпезаријата, со што природната светлина непречено циркулира низ секое катче.

Покрај нив, сместена е и домашната мини канцеларија, каде родителите може да ги извршуваат дополнителните обврски поврзани со работата.

Станот има две спални соби. И двете се уредени мошне префинето и елегантно, со примена на иста палета на бои, а со користење и на одредени декоративни елементи од дневниот престој.

Во продолжение, погледнете ја галеријата и ѕирнете во секое катче од овој инспиративен дом:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...
На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото) „Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сит...
Шарено кафуле во Старата скопска чаршија е како сцена од бајка (фото) Со графити со разни бои на балони и бабичка како истура срциња од кофа, шарени п...
На гости кај Елена: Стан од 76m2 во скопската населба Аеродром со современа дневна и детски соби со ... „Трпезариската маса ни е со црно стакло и намерно ја вклопив со цел да го разбие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg