Рајот на земјата има име и се вика Тиба (фото)

Никаде не е како дома, но „Каса Тиба“ лоцирана во Бразил само на стотина метри од познатата плажа Транкосо, би ја менувале дури и за својот сладок дом.

rajot-na-zemjata-ima-ime-i-se-vika-tiba-foto-001.jpg

Ова неверојатно уредено архитектонско здание порано служело како грнчарска работилница на познатиот уметник João José Calazans.

Во 2010 година француски иселеник го купил имотот трансформирајќи го во удобен пријатен хотел од 500 м2, истовремено задржувајќи го нејзиниот автентичен стил.

Каса Тиба е како рај на земјата, тип на простор кој те охрабрува да ги оставиш сите грижи на вратата и да го прегрнеш едноставниот живот. Целосно опремена за да ги задоволи сите потреби на гостите, круната на Тиба е веројатно тиркизниот базен во кој сакаме длабоко да нурнеме.

Целиот мебел во куќата е изработен од камења и дрвја од регионот од страна на локални уметници. Луксузната градина е преполна со бананови дрвја, палми и егзотични цвеќиња.

Веројатно Тиба е она што ни е потребно на сите. Погледнете како изгледа рајот на земјата:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото) „Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сит...
Тајно кафуле во срцето на Солун со винтиџ детали и многу цвеќе (фото) Oва необично кафуле-цвеќарница, кое е скриено од погледите на минувачите, а сепа...
Локал во Скопје е како од љубовна бајка: Срциња, балони и розово-црвени колачиња До неодамна, овој локал беше омилено место за новогодишни фотки, а сега плени со...
На гости кај Тина и Даниел во Илиноис: Семејна куќа на Македонци од 600m2, лоцирана на голф терен (ф... „Стилот на куќата е класичен и модерен, со главен фокус на дневната соба во која...
Најмагично украсени локали низ Македонија: Спектакуларни елки, сијалички, мечиња Ако сакате да посетите место кое потсетува на новогодишна бајка, каде треба да п...
Кој е локалот во кој се прават најубави фотки за Инстаграм во Виена? Ако патот ве одведе во Виена, особено во празничните денови, посетете го Onyx, р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg