Паметна организација: Трособен стан од 55 м2

Со мудрите дизајнерски решенија и убавата естетика во ентериерот, овој дом со скромна големина нуди повеќе комфор и од многу поголеми станбени простори.

pametna-organizacija-trosoben-stan-od-55-m2-1.jpg

Инспиративниот дом се наоѓа во Букурешт, Романија, а зад дизајнот на просторот се потпишува тимот креативци од студиото CRAFTR AAIM. Станува збор за допадлив трособен стан со вкупна површина од 55 метри квадратни, уредени со вистинската доза на игривост и стил. Основната цел била да се создаде паметно организиран, а убав ентериер.

Наместо до кујната, каде најчесто ја сместуваме од практични причини, трпезаријата е поставена покрај прозорецот во дневниот престој. Со вградената клупа под прозорецот, која служи и како дополнително место за складирање на предмети, добиено е повеќе простор за седење и уживање.

Изборот на масата е прилагоден на потребите на сопствениците, кои сакаат да организираат дружби и вечери. Наместо типичната мала маса за која се одлучуваат повеќето луѓе што живеат во дом со поскромни димензии, тука е поставена голема дрвена маса, која одлично се вклопува во уредувањето.

Кујната, пак, сместена е на другиот крај, а иако е дел од целината, делува како посебна просторија. Покрај едноставно уредената спална соба, станот располага и со мини канцеларија, која функцинира и како соба за гости, а согласно потребите, може да се претвори и во детска соба.

Интересните детали во боја на сенф создаваат по малку ретро впечаток на просторот, особено во комбинација со темните дрвени подови и кујнските елементи, а внесуваат живост во овој навистина симпатичен стан.

Во продолжение, ѕирнете како изгледа секое катче и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот топол дом:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Надица: Светол стан во Скопје со шарени плочки во кујната и впечатливи парчиња мебел (ф... „Станот го уредувавме заедно со сопругот, кој по професија е архитект. Најколори...
На гости кај Силвана: Стан од 72m2 во Скопје со библиотека и тиркизна гарнитура (фото) „Идејата за уредувањето на станот, како и боите ги договаравме заедно ...
На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Иџе: Стан во „Аеродром“ со големи прозорци, поглед на Вардар и тиркизни детали „Станот го уредував јас пред неколку години, кога се вратив од трка по крајот на...
На гости кај Игор Митровиќ: Модерен стан од 65m2 во Аеродром со лед осветлување во сите простории (ф... „Зградата во која живеам е нова, пред нецела година се пушти во употре...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg