Луксузната вила во која ќе уживаат The Weeknd и Селена Гомез (фото)

Популарниот канадски музичар од неодамна е сопственик на нов имот во Лос Анџелес, Калифорнија, што го чинеше близу 20 милиони долари, а каде сигурно ќе му се придржи и неговата девојка, поп-пејачката Селена Гомез.

luksuznata-vila-vo-koja-kje-uzivaat-the-weeknd-i-selena-gomez-foto-1.jpg

По бројните хитови со кои се искачи на врвот од топ листите, но и албумите што бележат високи тиражи на продажба, пејачот Абел (попознат како The Weeknd), и тоа како си го заслужи милионерскиот статус и домот во луксузното соседство Хиден Хилс.

Иако не познато дали е во прашање љубовно гнездо, односно дали музичарот наменски го купил за нив двајцата, неспорно е дека неговата вила претставува навистина раскошно здание, каде тој и Селена вистински ќе уживаат во заеднички поминатите мигови.

luksuznata-vila-vo-koja-kje-uzivaat-the-weeknd-i-selena-gomez-foto-2.jpg

Куќата се состои од девет соби и девет бањи, распоредени на 1.300 метри квадратни. Во импресивната градба, The Weeknd ќе има на располагање и домашно кино, теретана, вински подрум и студио за снимање, каде ќе може да работи на своите нови песни.

Секако, покрај големата куќа се наоѓа и една помала за гости - со две бањи и спални соби, а во дворот има и базен со солена вода, плус катче за подготовка на скара.

Со оваа недвижнина, The Weeknd се запиша во списокот славни личности што ја сочинуваат елитната заедница на Хиден Хилс, а соседи му се Канје Вест и неговата сопруга Ким Кардашијан, Кајли Џенер и Мајли Сајрус.

Во продолжение, ѕирнете како изгледа прекрасната куќа на ѕвездениот пар:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен... „Куќата во која живееме со Џејсон има 7 спални соби, од кои 2 се пренаменети во ...
На гости кај Мартина: Семејна куќа во Виница со природен камен и двор со многу дрвја (фото) „Во куќата направивме многу промени, не само во дизајнот на ентериер, туку и сит...
Во домот на Маријана во Штип: Куќа во барок стил, со златни елементи и многу новогодишни украси „Дневната соба ја уредивме во уникатен стил, комбинирајќи елементи на природата ...
Празнична магија во домот на семејството Митаноски во Дојран - Новогодишно украсена куќа која буди ч... „Домот за претстојните празници го украсувавме два дена. Во дворот доминираат ша...
На гости кај Тина и Даниел во Илиноис: Семејна куќа на Македонци од 600m2, лоцирана на голф терен (ф... „Стилот на куќата е класичен и модерен, со главен фокус на дневната соба во која...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg