Рустичен хотел во Лондон што ќе ве маѓепса со уникатноста


Рустичен хотел во Лондон што ќе ве маѓепса со уникатноста

Дали ви е здодеано од хотелски соби без карактер? Дали сакате да престојувате во некоја која ќе ве маѓепса со својата уникатност и ќе направи едвај да чекате да се вратите повторно за да уживате во сета нејзина магија?

rustichen-hotel-vo-london-shto-kje-ve-magjepsa-so-unikatnosta-foto-01

Хотелот „Artist Residence London“ ќе го трансформира начинот на кој гледате на декорот на хотелските соби. Тој може дури да направи да се почувствувате како никогаш да не сте го напуштиле вашиот дом.

Овој прекрасен хотел во Лондон изобилува со дрвени материјали, црвени тули на ѕидовите, топли нијанси и подови кои ќе ви дадат чувство дека всушност таму живеете. Особено се истакнува мебелот со кадифе, кој на секоја соба ѝ дава текстура.

Со рустичен изглед и дискретна софистицираност, но беспрекорно чист, овој хотел е вистински погодок.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лето во домот: Дневни соби инспирирани од морето Летото е идеално време за мали измени во домот во склад со топлите, сончеви дено...
Спој на традиција и луксуз во хотел во срцето на Малта Овој фантастичен хотел е сместен во градот Биргу, еден од трите најстари градови...
Шик хотел во Париз создаден за сите љубители на книгите Кој љубител на литературата не би сакал да му носат книги директно во хотелската...