Во духот на морето: Елегантна вила на Хвар

Иако оваа вила нема поглед на море, сепак е сместена на одлична локација – во една од уличките во стариот дел на островот Хвар во Хрватска.

dzirnete-vo-ovaa-prekrasna-vila-na-hvar-vo-duhot-na-moreto-01_copy.jpg

Вилата е првично изградена дури во 15 век, а оваа година беше целосно реновирана. Изградена е од камен, со типичен медитерански стил на уредување.

Инспирација за боите е островот Хвар – камените улички во нијанси на беж, морето во бели и сини тонови и виолетовата лаванда која тука ја има во изобилие.

Внатре е зачуван винтиџ стилот, со многу рачно изработени детали и минималистички мебел.

Погледнете како изгледа оваа вила за совршени летни мигови:  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенска идила во скопско кафуле - шаренило од бои, украсни тикви и прекрасна атмосфера „Малите ќошиња на Скопје што потсетуваат на Париз“, стои во описот на фотографиј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg