Кралски воз: Ѕирнете во „мобилната канцеларија“ на Британската монархија


Кралски воз: Ѕирнете во „мобилната канцеларија“ на Британската монархија

Постои добра причина зошто возот на Британското кралско семејство го нарекуваат „Бакингемска палата на тркала“.  

kralski-voz-dzirnete-vo-mobilnata-kancelarija-na-britanskata-monarhija-01.jpg

Дизајниран во 1842, во времето на Кралицата Викторија, овој воз служел за да ги смести членовите на кралското семејство кога оделе на посети во други земји.

Во минатото, возовите се сметале за превозни средства на луѓето од високата класа, па кралскиот воз е уреден како вистинска палата. Од почетокот до сега, возот претрпел неколку трансформации во ентериерот.

Денес, во кралскиот воз има трпезарија за 12 луѓе, посебен салон за Кралицата Елизабета, посебен за Принцот Филип, простор за спиење, просторија за послугата во возот и „дневна“ соба со удобен мебел за седење.

Возот денес претставува еден вид на „мобилна канцеларија“ на членовите на кралското семејство во Британија, но не е познато уште колку време ќе се користи, бидејќи трошоците за негово одржување се многу високи и британските власти тоа го сметаат како непотребно потрошени пари.

Ѕирнете како изгледал кралскиот воз порано, а како изгледа денес:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во духот на морето: Елегантна вила на Хвар Иако оваа вила нема поглед на море, сепак е сместена на одлична локација – во ед...
Ѕирнете во најскапата куќа во Њујорк: Се продава за 175 милиони долари Во Њујорк отсекогаш се продавале имоти кои достигнувале вртоглави суми на пазаро...
Бијонсе и Џеј Зи потрошија 26 милиони долари за вила за одмор во Хемпт... Откако купија имот во Лос Анџелес вреден 88 милиони долари, Бијонсе и Џеј Зи се ...