Рај за сите вљубеници во пишаниот збор: Спиење во полици за книги во хостел во Токио

Зарем постои нешто подобро на светот од излежување во креветот со добра книга? Па можеби има - излежување обиколен со добри книги во кревет во вид на полица.

raj-za-site-vljubenici-vo-pishaniot-zbor-spienje-vo-polici-za-knigi-vo-hostel-vo-tokio-01.jpg

Не, ова не е само луд сон – Токио ви го овозможува тоа. „Book and Bed Tokyo“ е јапонски синџир на хостели, кој има кревети вградени во полиците за книги и е совршен за сите вљубеници во пишаниот збор.

Главниот хостел од синџирот се простира на 5.000 квадратни метри и има 3.200 книги. На другите три локации во хостелите има по 1.500 книги.

Поголемиот дел од книгите се на англиски јазик, но има некои наслови на јапонски. Без разлика дали ви треба роман, кулинарска книга или пак водич низ Јапонија, тука ќе пронајдете сè.

Грабнете книга од полиците и однесете ја со себе во кревет. Во оваа атмосфера сигурно за миг ќе успеете да отпатувате во светот на книгата.

Во ентериерот на хотелот има и светилки накитени со книги, како и цели ѕидови од книги.

Ѕирнете во рајот за сите вљубеници во книгата:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ресторан во Крива Паланка е вистинска есенска бајка со хризантеми и украсни тикви (фото + видео) Со доминација на хризантеми во различни бои, украсни тикви и сушена пченка, сите...
Во домот на Марија и Никола во Скопје: Стан во скандинавски стил со рачно изработени елементи и мура... „Кујната, спалната и детската соба, како и ТВ-комодата, па и елементите во ходни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg