„Стилот на куќата е класичен и модерен, со главен фокус на дневната соба во која преовладуваат високи прозорци кои гледаат, накај дворот и голф теренот. Во куќата има винарија и голема теретана, опремена со сите машини потребни за вежбање“, открива Тина за CRNOBELO.com, која живее со партнерот во Нејпервил, Илиноис, САД.