Направете сами: Табуретка за седење од автомобилска гума

Зошто да купувате табуретка за седење која ќе биде удобна и одлично ќе се вклопи во ентериерот на вашата соба, кога истата може да ја направите сами и тоа од автомобилска гума.

napravete-sami-raburetka-za-sedenje-od-avtomobilska-guma-1

Се прашувате како е можно?

Следете ги инструкциите и уверете се !

Земете гума од автомобил која не ја употребувате и купете 10 метри коноп во боја според ваш избор.

Потоа, од парче дрво исечете два кругови големи колку внатрешноста на гумата за да ја исполнете празнината во средина.

Парчињата дрва имплементирајте ги и заковајте ги на гумата со бормашина доколку имате, доколку немате истото направете го со чекан и шајки.

Откако ќе го сторите тоа премачкајте ја гумата со лепак за паркет или пак обично лепило кое ќе го држи конопот за површината на гумата.

Потоа започнете да го мотате конопот околу гумата, а кога ќе стигнете до крајот односно до закованото дрво, сечете го конопот и започнете да го лепите и на површината на дрвото одозгора започнувајќи од центарот како на сликата погоре.

Откако ќе завршите со целата постапка премачкајте го целото тркало уште еднаш со лепак за да бидете сигурни дека нема да се одлепи.

Вашата табуретка за седење е готова.

Вреди да се испоба, нели?

napravete-sami-taburetka-za-sedenje-od-avtomobilska-guma.jpg

Би можело да ве интересира:

Предлози за украсување со кои ќе внесете празнична магија во бањата (фото) На бањата можете да ѝ дадете новогодишен дух така што ќе ставите крпи во црвено-...
Трендови за уредување на домот кои ќе доминираат во 2024 година 70-тите се враќаат на голема врата. „Бушави“ килими, плочки во впечатливи бои, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg