Што треба да имате во домот за да бидете среќни?

Дали знаевте дека малите промени во домот можат да ви ја подобрат среќата?

shto-treba-da-imate-vo-domot-za-da-bidete-srekjni-1.jpg

Ако сакате да бидете посреќни, тогаш овие работи треба да ги внесете во вашиот дом:

1. Зелени или жолти ѕидови

Истражувањето на еден универзитет од Амстердам вели дека од палетата на бои овие две нијанси предизвикуваат и постигнуваат најголемо чувство на среќа. Сепак мора да бидете храбри за да ги обоите ѕидовите во овие бои. Па затоа, за почеток обојте само еден ѕид и украсете го зелени или жолти елементи.


2. Свежо цвеќе

Можеби ви се чини дека купувањето цвеќиња е трошење пари на нешто што е осудено на пропаст. Но, за момент замислете дека тоа ви е инвестиција во среќата. Свежото цвеќе го зголемува задоволството. Затоа излезете до блискиот пазар и побарајте го најубавиот букет.


3. Сентиментални фотографии

Доколку вашата ноќна масичка моментално е полна со книги, полнач и чаша вода, тогаш што е можно побрзо заменете ги тие работи со семејни фотографии. Истражувањата покажуваат дека таквите фотографии предизвикуваат среќа и чувство на мир и спокој.


4. Свеќи со мирис на ванила

Палењето свеќи после стресен ден е одличен начин да се опуштите. Но, дали знаевте дека мирисот во голема мера може да влијае на вашата среќа? Едно истражување кое се занимава со хемиски мириси утврдило дека ванилата најдобро го поправа расположението.


5. Дневник

Тренингот и медитацијата прават да ја исфрлите негативната енергија и да оставите простор за радосните чувства. Но, психолошките истражувања покажуваат дека истиот ефект го има и водењето дневник. Исто така, читањето на стар дневник и сеќавање на минатите настани може да направи да се чувствувате многу посреќно, па дури и да е во прашање една реченица.


6. Крзнено пријателче

Кога велиме дека кучето е најдобриот пријател на човекот, тогаш има навистина добра причина зошто е тоа така. Сите истражувања на оваа тема утврдуваат дека домашното милениче може да му ја пружи потребната поддршка на својот сопственик. Тие помагаат во социјалната изолација и го подобруваат животот на човекот.


7. Цветни есенции

Следниот пат кога ќе одбирате мирис или освежувач нека биде со нота на роза. Мирисните рецептори во носот се поврзани со делот од мозокот кој влијае на вашите емоции, а мирисот на цвеќиња поттикнува среќа.


8. Наместен кревет

Изгледа налудничаво, но местењето на креветот нека ви стане утринска рутина за да го започнете денот со добра расположение и организација. Според спроведените истражувања, 71% од луѓето кои го местат својот кревет сметале дека се среќни, а 62% од оние кои не го местат креветот се чувствувале несреќно.


9. Минимализам

Научниците тврдат дека постои врска меѓу стресот и жените кои поседуваат несредена куќа. Исто така, неуредната куќа се поврзува со неуспех. Затоа, колку повеќе работи имате во домот, толку повеќе стресни искуства доживувате. Намалете го нередот и зголемете ја шансата за среќа и смиреност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со архитектот Лука Радовиќ за уредувањето на јога студио во Скопје: „Груб простор претворивме во мес... „Проектот за внатрешно уредување на просторот наменет за јога студио делува лесе...
10 парчиња од IKEA што совршено ќе се вклопат во секој ентериер Практичните, едноставни и безвременски парчиња од IKEA се омилени за многумина.&...
Трендови за уредување кои изгледаат убаво на Инстаграм, но не се практични Лизгачките врати не нудат никаква изолација, а црниот мијалник се валка многу ле...
Како да го направите малиот балкон визуелно поголем, според дизајнери на ентериер? Дајте им предност на дречливите бои и ставете високи растенија – дизајнери на ен...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Претворете ја кујната во омилено место од домот: Фенг шуи совети за правилно уредување Проверете ја чешмата. Доколку водата не тече непречено или протекува, експертите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg