10 златни правила кои ќе ви го прошират просторот во домот

Уредување на домот - комплицирана работа, која колку што носи нервози и двоумења, исто толку носи убавина и радост.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-001.jpg

Уредувањето носи некое посебно задоволство, веројатно затоа што создавате простор кој можете да го наречете „дома“.

А, бидејќи во сè постојат златни правила и работи кои се забранети, вреди да ги почитувате следните 10:

1. Завеси од плафонот

Ако ги закачите завесите високо на плафонот, наместо над прозорот, ќе направите тој да изгледа визуелно поголем, а со тоа добивате повеќе светлина.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-1.jpg

2. Посебна табла за магнети

Наместо да правите визуелен хаос од магнети на фрижидерот, закачете една табла веднаш до него. На тој начин колекцијата ќе биде организирана.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-2.jpg

3. Шкафчињата за чевли се задолжителни

Покрај тоа што чевлите ќе го изгубат првобитниот изглед, верувајте дека и најширокиот ходник ќе изгледа несредено и конфузно ако има расфрлани чевли наместо мали шкафчиња.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-3.jpg

4. Одберете светол тапет со вертикални дезени

Добро ви е познато дека темните ѕидови визуелно го смалуваат просторот, но истото важи и за хоризонталните дезени кои го затвораат просторот. Ако сакате светла и удобна соба, одбирајте тапети во пастелни нијанси и вертикални линии.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-4.jpg

5. Користете комплет крпи и пешкири

Чудно, но сите работи кои се распар, прават просторот да делува натрупано и несредено.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-5.jpg

6. Одбирајте мебел за ногалки

Фотелја, тросед, масичка или полици - сè нека биде барем неколку сантиметри над подот. Самото струење на воздухот создава чувство дека просторот е поширок.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-6.jpg

7. Кутии за организација

Ништо не оставајте на полиците освен ако не е добро средено по кутии.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-7.jpg

8. Широк тепих

Се верува дека колку што е помала собата, толку помал треба да биде и тепихот, што е многу погрешно. Всушност, сите тие мали чергички го „јадат“ просторот, отколку ако ставите еден голем и минималистички тепих.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-8.jpg

9. Организирана козметика

Никогаш не ги оставајте производите покрај огледалото или на полици. За да ги организирате сите тие ситници, користете табла за магнети. Така дури и кога сте во брзање имате дел од секунда да ги закачите на неа.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-9.jpg

10. Лустерите не се паметно осветлување

Големите лустери многу лесно може да го проголтаат просторот. Наместо нив користете вградени сијалички во плафонот - визуелно го прошируваат просторот.

10-zlatni-pravila-koi-ke-vi-go-prosirat-prostorot-vo-domot-10.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Трендови за уредување на ентериерот во 2024 кои станаа омилени меѓу дизајнерите Ѕидови со текстура, метални украси, сончеви тонови... Иако годината е сè уште на...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
25 идеи како оваа пролет да ја вметнете бојата на годината во уредувањето на домот Пернички во боја на праска, постелнина, удобна фотелја или за најхрабрите ѕидови...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg