Розова + Зелена = Хит комбинација за домот

Комбинацијата на бои што се покажа како исклучително популарна на неодамна одржаните саеми во Париз, Келн и Стокхолм, е импресивниот контраст на розовата и зелената  боја.

rozova-zelena-hit-kombinacija-za-domot-1.jpg

Во очите на набљудувачот, двете бои заедно будат чувство на игривост и радост, свежина и женственост, потсетувајќи притоа на тропските дестинации, шарените коктели и зелените палми.

Овој впечатлив тандем не е воопшто тешко да го вклопите во уредувањето на домот.

Оние похрабрите може да си поиграат со поставување големо парче мебел во розова боја покрај зелено бојадисаните ѕидови, или, пак, обратно, шумско зелената софа да ја развеселат со нежни розови перничиња.

Доколку не сакате да го примените ваквиот спој во толку големи размери, можете својата зелена собна билка да ја поставите во пудра розова саксија, да одберете интересен постер на кој се застапени двете бои, или можеби да набавите убава постелнина со розов и зелен дезен, што ќе биде сосема доволно за внесување колоритна динамика во животниот простор.

Во продолжение, ви издвојуваме неколку инспиративни предлози кои совршено ја прикажуваат моќта на ова динамично дуо во домот:

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
8 бои со кои ќе го освежите домот оваа есен  Покрај бојата на килибар која нè асоцира на есен, темносината е уште еден одличе...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg