Полица-клупа: Тренд во уредувањето на домот

Функционалниот детаљ со двојна намена е вистински хит на социјалните мрежи, а е полн погодок за шик амбиент и елегантна едноставност во животниот простор.

polica-klupa-trend-vo-ureduvanjeto-na-domot_-1.jpg

Со желба за паметно да се искористи просторот, а притоа да се добие повеќе место за седење и складирање на предметите, дизајнерите на ентериер почнаа сè почесто во своите проекти да ја вклучуваат ниско поставената полица, која служи и како клупа.

Полица-клупа е нов тренд во уредувањето на домот, кој привлекува сè поголемо внимание поради својата ефектна едноставност и практичност.

Долгнавеста и позиционирана покрај ѕидот, ваквата полица е често висечка, што овозможува да се гледа слободниот простор под неа, но извонредно функционира и со уште една дополнителна полица за сложување на предметите.

Мудрото решение задоволува неколку животни потреби одеднаш, а притоа има и декоративна намена – како изненадувачки детаљ во просторот.

„2 во 1“ полицата нуди дополнителен простор за седење и одмор, но и занимливо складиште за личните предмети, книги и билки, кои сакате посебно да ги истакнете, одржувајќи ја притоа без мака уредноста на својот дом.

На пример, полицата може да ја искористите  за поставување на уметничките дела без дупчење на ѕидовите, како подлога за телевизорот, собните билки или украсите, а со убави перничиња ќе стане и удобно катче за гостите.

Полица-клупата може да послужи и за одвојување на  две зони во домот, без преградни ѕидови и затворање на просторот, а сместена покрај прозорецот, пак, може да биде идеално место за читање книги и опуштање.

Во продолжение, ви претставуваме неколку инспиративни примери од Pinterest.

Погледнете ги нашите предлози и пронајдете ја омилената идеја и за вашиот амбиент за живеење:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Како да ја уредите малата детска соба за да биде практична, но и да изгледа убаво? (фото) Простор за складирање под креветот, големо огледало и многу природна светлина – ...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg