Како да го бојадисате домот, за што поскапо да го продадете?

Многумина не знаат, но бојата на ѕидовите е еден од факторите што значително влијае на остварената цена на недвижностите.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-1_copy.jpg

На заситениот пазар на недвижности, пронаоѓањето на совршен дом за себе не е секогаш лесна задача. Подеднакво тешко е и да се продаде домот, тогаш кога повеќе не е нашето идеално место за живот.

Секако, првенствено важно е недвижниот имот што го продавате да биде во колку е можно подобра состојба, како би ги привлекле потенцијалните купци.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-2.jpg

Воедно, не е реткост да се прават и одредени прилагодувања на просторот, непосредно пред продажбата, така што ќе изгледа поатрактивно и позанимливо за новите сопственици.

Според анализата на Zillow, американската страница за продажба на недвижности, бојата на ѕидовите се вбројува во клучните фактори што влијаат врз продажбата на недвижностите.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-3.jpg

Имено, од  Zillow анализирале повеќе 32 илјади фотографии на продадени домови, создавајќи список на бои кои им помогнале, односно одмогнале на сопствениците, во настојувањето да остварат што подобра продажна цена на својот дом.

Познато е дека боите може да бидат моќна алатка за привлекување на купувачите, особено на фотографии и видео-снимки, па не е лошо да размислите за бојадисување на домот во свежи тонови, кои изгледаат природно.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-4.jpg

Истражувањето на  Zillow покажало дека нијансите на сина и сива боја се посебно успешен избор, затоа што создаваат впечаток на поголем простор, ама притоа се и доволно неутрални, за да потенцијалните купци може лесно да се замислат во домот што го разгледуваат за купување.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-5.jpg

Во продолжение, ви откриваме кои  бои  би ги привлекле купувачите, а кои е можеби подобро да ги избегнете, во зависност од просторијата во домот:

Кујна

Домовите каде кујната била во сина боја, и тоа во нијанси од светлосина до мека сиво-сина, биле продадени за 1809 американски долари повеќе од просекот на пазарот.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-6_copy.jpg

Од друга страна, жолтите кујни им одмогнале на сопствениците, кои за својата недвижност добиле 820 долари помалку во просек.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-7.jpg

Бања

Сините и виолетовите бањи се елемент од домовите, кои во просек биле продадени за дури 5440 американски долари повеќе.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-8.jpg

Од друга страна, класичната бела боја во бањата, како и нечисто белата, но и нијансата на лушпа од јајце, иако се популарни, не биле нималку атрактивен фактор, па при продажбата на недвижностите, нивните сопственици заработиле 4035 долари помалку.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-9.jpg

Спална соба

Сопствениците на домови во кои спалната соба била во сина боја, во просек заработиле 1856 долари повеќе за својата недвижност.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-10.jpg

Розовата боја не била подеднакво популарно решение, независно од нијансата, така што домовите со розови спални соби биле продадени во просек за 208 долари помалку.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-11.jpg

Трпезарија

Трпезариите во кои се користени загасити нијанси на сина и сиво-сина боја, или, пак, комбинација на морнарско сина со бели дрвени акценти, помогнале да се продадат домовите за 1926 долари повеќе.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-12.jpg

Црвената боја, а особено нијансата на цигла, теракота и бакар, се покажала како проблематичен детаљ во уредувањето, па така, домовите во кои била присутна оваа боја во трпезаријата, во просек биле продадени за 2031 американски долар помалку.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-13.jpg

Дневен престој

Кога е дневната соба во прашање, омилени се сивата и кафеавата палета на тонови, односно неутралните  нијанси, како што се светла беж или бледо кремаста боја. Домовите со ваква шема на бои во дневниот престој, во просек  биле продадени за 1809 долари повеќе.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-14.jpg

За разлика од останатите простории во оваа боја, сините дневни соби им „заработиле“  820 долари помалку на своите сопственици.

kako-da-go-bojadisate-domot-za-shto-poskapo-da-go-prodadete-15.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg