11 работи кои ја „убиваат“ атмосферата во вашиот дом

Домот е место каде секој сака да се чувствува пријатно и да се одмори по напорниот ден, да ужива во пријатна вечер и едноставно, да го помине најголемиот дел од денот.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-01.jpg

Затоа, многу е важно уредувањето, предметите и боите кои ќе преовладуваат во него.

Понекогаш, дури и ситниците може да направат да се чувствуваме неудобно во нашиот простор, иако не сме свесни за тоа.

Доколку сакате конечно да разберете кои се грешките кои ги правите во уредувањето, погледнете кои се тие работи кои ја „убиваат“ атмосферата во домот:

Тапациран мебел со премногу шари

Софа со премногу бои на неа можеби изгледа впечатливо и уникатно во продавниците за меебл, но е многу тешко правилно да се вклопи во домот со сите останати парчиња.

Затоа, подобро е да им давате предност на еднобојните гарнитури, а ако сакате да ја разбиете монотонијата, направете го тоа со пернички во боја, удобни кебенца и други предмети во боја.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-02.jpg

Едноставни слики во гломазни рамки

Нешто што мора да научите е дека сликата и рамката секогаш треба да си одговараат. Доколку сликата е едноставна, не можете да ја урамите во огромна златна рамка која само „боде очи“ но на негативен начин.

Подобро е да направите композиција од неколку помалечки слики кој ќе одговараат на стилот на домот.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-03.jpg

Големите рамки одговараат за ентериер уреден во покласичен стил, каде внимателно избрана слика ставена во гломазна рамка, подобро ќе се вклопи во просторот.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-04.jpg

Сјајни завеси со повеќе нивоа

Ваквиот тип на завеси не се вклопуваат во секој простор, па освен ако не живеете во замок или модерна палата, завесите од едноставен материјал со контраст на бојата на ѕидовите, изгледаат многу попријатно.

Тие визуелно ги прошируваат прозорците и ја прават собата поголема.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-05.jpg

Многу непотребни полици

Отворените полици кои висат во неправилет ред на ѕидовите се практични, но не ако ги има во огромен број. Во тој случај само ќе трупате повеќе работи на нив и ќе собираат прашина.

Доволно е да закачите 2-3 полици, а остатокот од ѕидот оставете го празен.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-06.jpg

Ентериер во една иста нијанса

Ѕидови, под, мебел, украси и завеси – кога сите работи се во иста боја создаваат складност во просторијата, но не треба да се претера. Бојата може да остане иста, но добро е да ја смените нијансата на одредени делови.

На пример доколку целиот ентериер е светол, додадете украси и завеси во потемна боја и обратно.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-07.jpg

Погрешен распоред на мебелот

Најважно од сите работи е да водите сметка за димензијата на просторијата. Ако собата е голема, нема потреба мебелот да го залепите до ѕидовите.

Поместете го во централниот дел од просторијата, за да не останува празен простор во средината како да е подиум за танцување.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-08.jpg

Доколку пак, собата е мала, тогаш е сосема погрешно да го ставите мебелот во средината и од страните да ви остане празен, но нефункционален простор.

11-raboti-koi-ja-ubivaat-atmosferata-vo-vashiot-dom-09.jpg

Уште 5 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
Ситници кои му даваат луксузен изглед на домот (а чинат малку пари) Предмети со тркалезна форма, декоративно огледало и различни текстури – како да ...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg