Mладешки, женствени, неодоливи: Најубавите катчиња за девојки на Pinterest (фото)

Без разлика дали сте соло кралица, или, пак, живеете со цимерки под кирија, овие мини женски царства се инспирација за сите млади дами.

mladeshki-zhenstveni-neodolivi-najubavite-katchinja-za-devojki-na-pinterest-foto-1.jpg

Сон на секој млад човек е да си има свое сопствено место за живеење. Во соло варијанта, или, пак, со цимери, ако веќе партнерот не е ни на повидок.

Меѓутоа, не е ниту лесно, а ни едноставно. Од грди и прескапи станови со мали собички, па до радоста од соживотот со нова личност, младите луѓе кои се принудени да живеат во изнајмен стан, соочени се со бројни ограничувања кога е нивниот привремен дом во прашање.

Иако во таа ситуација, мнозинството немаат можност да спроведат поголеми измени по своја замисла, сепак – со ненаметливи декорации како лампи, билки, прекрасни ткаенини и практичен мебел – возможно е да се создаде катче кое е преполно со карактер и шарм.

Бидејќи повеќето простори што се издаваат под наем се едноставни и опремени со мебел од кој немате опција да се ослободите, додавајќи занимливи текстури и бои, може да го претворите од безлична површина во удобно засолниште за учење, дружење и уживање.

Кога ни недостасува инспирација, Pinterest е првата идеја која ни паѓа на ум. Ќе пронајдете изобилство од примери за средување на собата, што ќе биде олицетворение на удобноста и вашиот стил. А, ние ви ги издвоивме најубавите меѓу нив.

Погледнете ги нашите младешки, женствени и неодоливи предлози на таа тема:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Живеам во стан од 50m2 во Скопје – одлуки што ги направив во уредувањето за кои не се каам (фото) Проточен бојлер во бањата за голем бојлер да не ми го зафаќа целиот простор, шан...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Детали во уредувањето на бањата што треба да ги избегнувате (за да не изгледа монотоно и евтино) Плочки од подот до таванот и црни мијалници – некои ситници можат да направат ба...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg