Едноставни начини да го направите вашиот стан отмено место за живот


Едноставни начини да го направите вашиот стан отмено место за живот

Вистинскиот избор на бои, мебел и детали ќе го направи вашиот дом да изгледа отмено и стилски на многу еднсотавен начин.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-01.jpg

За елегантен и модерен ентериер не секогаш е потребно „богатство“, доволно е да имате добар вкус и правилно да ги комбинирате работите.

Ќе ставите неколку поинтересни елементи во фокус и вашиот дом ќе изгледа одлично.

Неколку совети кои треба да ги следите во уредувањето за домот да ви изгледа отмено:

„Три“ е магичен број

Собата украсете ја со некој многу впечатлив детаљ. Но, секогаш е подобро кога е повеќе од едно, а 3 е идеално.

Три модерни уметнички слики – купени или пак, сами направете ги со слики од интернет поделени во 3 дела.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-02.jpg

Голем тепих

Не е вистина дека големиот тепих е наменет само за големите соби. Ако имате мала соба и сакате визуелно да ја зголемите – неутрални бои, огледало зад гарнитурата и голем пуфкаст тепих се идеални решенија за да го направите тоа.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-03.jpg

Малку е повеќе

Преполните полици со книги и украси нема да допринесат вашиот дом да изгледа отмено и уредно. Дизајнерите предлагаат кога ја средувате собата, да не ја претрупувате.

Полиците со по неколку книги и една вазна изгледаат многу поотмено и скапо. Доколку пак имате празен дел во станот, доволно е да го дополните со една впечатлива фотелја и да направите катче за читање.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-04.jpg

Одредете фокусна точка со одреден детаљ

Секоја соба има потреба од своја фокусна точка. Доколку во дневната соба немате некој упадлив детаљ кој би го забележал секој на секое влегување, веднаш најдете го.

Голема слика над софата, впечатлива фотелја која ќе се одвојува од сè останато или пак уникатно огледало – изборот е ваш.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-05.jpg

Еден ѕид во потемна нијанса

Најевтин и наједноставен начин да му дадете отмен француски изглед на здодевниот простор е да акцентирате еден ѕид во потемна боја.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-06.jpg

Природна светлина

Доколку имате таква среќа во домот да ви продира многу природна светлина, на одличен пат сте да го направите просторот модерен.

Светлите простории се синоним за елеганција и отменост, но збогатете ги деловите во просторијата со повеќе перници во различни текстури.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-07.jpg

Различни стилови

Во неутралниот простор, идеално е кога ќе додадете боја, текстура и детали кои ќе се разликуваат.

Слободно мешајте различни форми и стилови – на пример комбинација од модерен и ретро стил.

ednostavni-nachini-da-go-napravite-vashiot-stan-otmeno-mesto-za-zhivot-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Интересни начини да го декорирате домот со марами Верувале или не, марамите можат на интересен начин да го украсат домот. Ако имат...
10 начини да внесете минималистички стил дури и во бањата Минимализмот е многу популарен стил за ентериерот, со оглед на тоа што е едноста...
ИКЕА каталог за 2018-та: Прослава на животот со практични парчиња мебе... Пристигна новиот каталог на шведскиот бренд за мебел ИКЕА за 2018 година. Уште н...