Првото интервју на Кејти Холмс по разводот

prvoto-intervju-na-kejti-holms-po-razvodot

Кејти Холмс го даде првото интервју по нејзиниот развод со Том Круз, кој беше насекаде низ медиумите.

Холмс, можеби разбирливо, не беше целосно отворена книга во интервјуто за Woman’s Wear Daily - поголемиот дел од интервјуто е сконцентрирано на нејзиното деби на овогодинешната Модна недела, и повеќето лични прашања биле игнорирани,но се уште има одговори кои сугерираат дека 33-годишната ѕвезда добро се справува со тешкото искушение.

Зборувајќи за тоа како се справува со постојаните притисоци од новинарите, актерката изјави: “Имам многу чувства во врска со новинарите. Има многу луѓе со многу поголеми проблеми и кои се помалку среќни. Се обидувам да го задржам сето тоа во перспектива”.

Холмс, исто така за WWD изјави дека секој ден се обидува да направи нешто без “страв од неуспех”, бидејќи “кој се грижи“? Барем сте се обиделе. Обично луѓетокои не се обиделе се со негативно размислување”.

Очигледно Холмс успева да остане со главата горе.

Холмс ќе го има нејзиното модно деби на Модната недела во среда, на 12 септември, кога таа и стилистот Жан Јанг ќе ја лансираат новата пролет/лето колекција под нивната заедничка етикета Холмс и Јанг (Holmes & Yang). Очекувајте многу камери да бидат насочени како кон г-ца Холмс така и кон облеката.

Во меѓувреме, актерката е назначена за првото славно заштитно лице од А-листата на козметичката компанија Боби Браун (Bobbi Brown), со која потпиша договор вреден до 3 милиони долари, кој ако им се верува на претходните извештаи, е еквивалентно на вредноста на една година брак со Том Круз.

Би можело да ве интересира:

Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се раздели... „Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од К...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Некои бивши го ценат, други го оставиле поради скиентологијата: Дали на Том Круз му е судено да биде... По три пропаднати бракови и уште повеќе неуспешни врски, Том Круз повторно е син...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Успехот ти носи многу работи, но не и она чувство на длабока среќа кое ти го дава љубовта.
Семјуел Голдвин (1879-1974)