Зошто треба да ги избегнувате диетите кои не содржат јаглехидрати?

Ако малку подлабоко се одлучите да се занимавате со здрава исхрана многу бргу ќе дојдете до забуната околу јаглехидратите. Дали е препорачливо да ги внесувате во големи количини или не?

zoshto-treba-da-gi-izbegnuvate-dietite-koi-ne-sodrzat-jaglehidrati-01.jpg

Прво нешто што ќе слушнете е дека треба да ја намалите количината на внесени јаглехидрати во текот на денот и тоа е точно, но само до некаде. Ако во нашиот организам нема доволно јаглехидрати, тој започнува да ги разградува мастите за да добие доволна количина енергија за нормално да функционира.

Звучи како идеално сценарио, зарем не? И натаму имаме енергија, сити сме, а слабееме.

За жал не е се така идеално.

Мастите немаат никакво влијание на мозокот, така што разградувањето на мастите нема да допринесе за нормално и здраво функционирање на мозокот. За правилна работа на мозочните функции, неопходни се јаглехидрати.

Кога веќе станува збор за нив, имајте на ум дека постојат два типа на јаглехидрати: рафинирани и нерафинирани. Или уште по едноставно и попрепознатливо јаглехидратите кои се нерафинирани содржат влакна, а другите не.

zoshto-treba-da-gi-izbegnuvate-dietite-koi-ne-sodrzat-jaglehidrati-01.jpg-1.jpg

Ако ги консумирате оние производи кои се богати со шеќери, но немаат влакна, бргу ќе го подигнете нивото на шеќер во крвта и ќе се почувствувате поенергични, но само краткотрајно. Од друга страна, производите кои се богати со влакна ви овозможуваат подолготраен проток на енергија во организмот и вашиот мозок ќе може нормално да функционира.

Ако сепак сакате дополнително да внимавате на консумирањето на јаглехидратите, имајте на ум дека потребно е да ги внесувате во организмот што е можно порано, во спротивно посебно кога легнувате да спиете тие не се разградуваат, туку директно се претвораат во масти.

Така што, најдобро е наутро да консумирате јаглехидрати и да му овозможите на организмот и посебно мозокот, нормално да функционираат преку текот на целиот ден, а ручекот да го поминете со протеини.

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg