Збир од мали совети со големо влијание врз вашата цел - слабеењето

Вие сте како мал и бавен воз: полека, но сигурно се движите кон вашата цел т.е. слабеењето. Веќе откривте дека целиот процес не се состои од едно големо нешто, туку од повеќе мали работи...

zbir-od-mali-soveti-so-golemo-vlijanie-vrz-vasata-cel-slabeenjeto-01

Ако ви се потребни нови здрави совети и техники, испробајте ги овие.

Се надеваме дека тие ќе ви помогнат да стигнете до целта за уште пократок период:

1. Додадете ленени зрна во исхраната

Влакната заситуваат, а ленените се оние кои едвај ги вкусувате, а имаат голем ефект врз вашата храна. Додадете ги во смути, јогурт, житарки, овес, сос, салата, супа и печива.


2. Јадете шарена храна

Велат дека чинијата која е визуелно привлечна додава чувство на задоволство. Плус, јадењето на шарена храна ве поттикнува да јадете повеќе типови храна – што може да направи да се чувствувате посреќно и позадоволно.


3. Користете „касичка за вежбање“

Ставете празна тегла на место каде често ќе ја гледате. Секојпат кога вежбате, ставете пари во теглата. 10 денари за обично вежбање, 100 за подолго како пешачење, трки... Откако ќе ја наполните, слободно потрошете ги парите како што сакате.


4. Ставајте грејпфрут во водата

Исечете неколку парчиња грејпфрут и исцедете го сокот во водата, или подобро е да ставите неколку тенки парчиња. Иако ова не е магичен еликсир за губење килограми, ова е лесен начин да додадете убав вкус на водата.

Исто така, грејпфутот се смета за храна која согорува масти и која може да го поттикне метаболизмот.


5. Практикувајте едноминутни вежби наутро

Во малечка тегла, напишете кратки едноминутни вежби кои можете да ги правите наутро. Теглата чувајте ја на ноќното масиче или во близина до креветот.

Веднаш кога ќе станете, посегнете по теглата и извадете едно ливче. Ако се чувствувате екстра инспирирани, посегнете две или повеќе ливчиња и направете ги вежбите.

Иако не е целосен тренинг, малку вежбање наутро може да ја поттикне работата на метаболизмот и да ве инспирира да вежбате уште еднаш во текот на денот.


6. Чувајте здрави грицки околу вас

Реално, ретко кога знаеме дека ќе бидеме гладни – затоа е добро да чуваме грицки со нас. А сигурно знаете што сакате да јадете: колачиња, чоколадо или чипс. Затоа, направете свои здрави верзии.


7. Заменете го шеќерот

Како што знаеме, белиот шеќер кој го има во сите омилени грицки и во голем дел од јадењата е многу нездрав.

Негова најдобра алтернатива е слаткото овошје како: грозје, смокви, манго, черешни и др. Овие овошја се навистина богати со шеќер, па затоа умерената консумација е задолжителна. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg