Евтина диета со зелка од 7 дена

Зелката е евтин и лесно достапен производ во текот на целата година кој може значително да ви помогне во борбата со вишокот килограми.

evtina-dieta-so-zelka-od-7-dena-1.jpeg

Најважниот оброк во текот на денот е нискокалоричната супа од зелка, која го поттикнува брзото согорување на мастите. Во текот на седум дена, колку што најдолго би требало да трае оваа диета, треба да се придржувате до листата на дозволени и недозволени намирници.

Позитивни и негативни страни на диетата

Позитивни страни на диетата со зелка се тоа што за кратко време ќе ги намалите килограмите, а зелката сама по себе е одличен зеленчук кој содржи многу антиоксиданси, заради што се препорачува во борбата против карцином. Организмот реагира добро дури и ако оваа диета се држи само неколку дена, бидејќи доаѓа до целосно чистење на организмот.

Негативните страни на оваа диета се тоа што во телото не се внесуваат доволно витамини, па затоа диетата не треба да се применува долго време. Храната е доста еднолична, на пример, дозволено е да јадете овошје, зеленчук, немасно пилешко или говедско месо, а забрането е внесувањето на леб, житарки, благо, месо, риба, газирани пијалаци и алкохол.

Предлог за мени

Супата од зелка со зеленчук, која можете да ја јадете секогаш кога ќе почувствувате глад и во количина колку што сакате, треба да ја јадете секој ден и тоа најмалку еднаш.

Начин на подготовка:

Во поголемо тенџере исечкајте четири големи главици кромид, две пиперки, и додадете рендан целер, половина зелка, и по една лажица леќа, пченица, јачмен и сув грашок. Додадете зачини и  прелијте со три литри вода. Може да додадете сол, црн пипер, магдонос а љубителите на луто и малку мелени или свежи чили пиперки. Ставете го на оган и штом зоврие, намалете ја температурата гответе додека зеленчукот и житарките не омекнат.

evtina-dieta-so-zelka-od-7-dena-2.jpeg

Прв ден

Супа и овошје по избор, но единственото овошје кое не смеете да го јадете се банани. Треба да пиете доста течности како вода, незасладен чај или црно кафе.

Втор ден

Супа и зеленчук, количината не е ограничена, важно е да не бидете гладни. Се препорачува зелен зеленчук, а пченката, боранијата, грашокот и другите мешункасти растенија треба да се избегнуваат. За вечера можете да изедете еден печен компир со малку путер. овошјето е забрането во вториот ден.

Трет ден

Супата од зелка комбинирајте ја со зеленчуци и овошје о избор (со исклучок на намирниците кои содржат јаглехидрати како компирите). Третиот ден веќе се забележуваат првите резултати, така што вашата вага би требало да покажува 2 килограми помалку.

Четврти ден

Освен супата од зелка, дозволено ви е да јадете најмногу 4 банани и да пиете колку што сакате обезмастено млеко.

Петти ден

Супата од зелка е задолжителна а дозволен е и еден оброк од 300-500g немасно пилешко или говедско месо и салата од најмногу 6 свежи домати. Во текот на денот испијте 1,5 – 2 литри вода, за да помогне во чистењето на организмот од вишокот киселини.

Шести ден

Јадете супа од зелка, немасно пилешко или говедско месо и зеленчуци (освен компири).

Седми ден

Освен супата од зелка можете да јадете и интегрален ориз со зеленчуци и да пиете колку што сакате незасладен овошен сок.


Ако сте се придржувале до сите препораки во текот на неделата, на крајот би требало да имате пет килограми помалку.

Доколку забележите значително слабеење, на пример повеќе од седум килограми, направете поголема пауза ред одново да продолжите со 7-дневниот циклус на диетата.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg