Диета за враќање на холестеролот во нормала

Недостатокот на движење заради ладното време во комбинација со обилните и мрсни оброци, може да го подигне нивото на холестеролот.

dieta-za-vrakanje-na-holesterolot-vo-normala-1.jpg

Но, за среќа може да го решите со контролирање на исхраната.

Освен чистењето на крвните садови, со оваа диета може да ослабете и до 5 килограми за 15 дена.

Совет: По 3-те дена, можете да правите комбинации од појадоците, ручеците и вечерите од ова мени.

Прв ден

Појадок: Јогурт со ниска масленост, 1 јаболко, 4 парчиња интегрален леб намачкан со 4 лажици домашен мармалад од портокал и грејпфрут (300g излупено овошје исечкајте го и варете го 3 минути со 100g шеќерен желатин и супена лажица кора од портокал).

Ручек: Тестенини од ориз со зеленчук - на лажица маслиново масло пропржете 30g изрендан ѓумбир, малку лук, кромид, 4 изрендани моркови и 100g целер додека не омекнат. Прелијте со 1dl супа од зеленчук и варете додека супата не испари.

Вечера: Околу 50g пченични никулци и 250g изрендано цвекло помешајте со прелив од лажица масло од орев, ¼ лажица јаболков оцет и лажица свежо изрендан рен.

dieta-za-vrakanje-na-holesterolot-vo-normala-2.jpg

Втор ден

Појадок: Мусли со млеко и цитрусно овошје, печиво од цели зрна

Ручек: Филет риба по желба (ослиќ, пастрмка) со прелив кој ќе го направите така што на лажица маслиново масло ќе пропржите мала главица кромид, ќе додадете малку шафран, сол, бибер, лажичка изрендана кора од портокал и сок од 1 портокал. Пржете 5 минути, па прелијте ја рибата.

Вечера: Салата од јаболка и компири. Во рерна испечете 3 средни компири со кора. Излупете ги, додадете парчиња јаболка, исечкајте кромид и прелијте со малку оцет, масло и зачинете по вкус.

dieta-za-vrakanje-na-holesterolot-vo-normala-3.jpg

Трет ден

Појадок: Сок од портокал и морков, леб од повеќе видови житарки со младо сирење

Ручек: Суви смокви, мисиркино бело месо на жар со салата од рукола или зелка

Вечера: Тестенини со сок од домат, дуња, јогурт со цимет. Ставете 2 лажици мед и ½ лажица цимет во 1 dl сок од цеден портокал и малку кора од лимон, па во тоа 5 минути варете ја дуњата. Оставете да се олади. Во јогуртот измешајте 2 лажици мед и цимет во прав, па сервирајте со компотот од дуња.

dieta-za-vrakanje-na-holesterolot-vo-normala-4.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg