Не мора да се откажете од алкохол, ако сте на диета

Добро знаеме дека, ако сакаме да намалиме на вишокот килограми и наталожените масни наслаги околу струкот, тогаш најверојатно комплетно ќе мораме да се откажеме од алкохолот.

dobri-vesti-za-ljubitelite-ne-mora-da-se-otkazete-od-alkohol-ako-ste-na-dieta-01.jpg

Но, ново истражување го побива ова убедување.

Според истражувачките документи на „The New York Times“, умереното пиење на алкохолни пијалаци нема никаков ефект на тежината или големината на струкот, дури може и да се поврзува со пониска телесна тежина.

Ова е така затоа што луѓето кои пијат умерено, најчесто и јадат умерено, а оние кои уживаат во поголеми количини на алкохол, барем после претерувањето со пиењето, исто така, внесуваат и поголеми количини на храна во организмот.

Тоа значи дека ако уживате во една чаша вино покрај вечерата, дефинитивно нема да ви се случи „нешто страшно“ како прекумерно накачување на тежината.

Истражувањата секако не важат за младите луѓе и постарите кои имаат прекумерна тежина и поголем процент на масти во телото кои не би требало воопшто да консумираат алкохол.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg