Кои се 5-те најчести грешки за време на диета?

Колку пати сте започнале диета, сте им одолеале на сите искушенија и јаделе баш здраво, а вашето тело не покажало никакви резултати?

koi-se-5te-najchesti-greshki-za-vreme-na-dieta-1.jpg

Големи се шансите дека правите некоја од овие вообичаени грешки додека сте на диета, а да не сте воопшто свесни за тоа.

За таа цел, ви откриваме кои се петте најчести грешки што повеќето ги правиме, а што е поважно - како никогаш да не ги повторите:

1. Претерувате со здравите намирници

Мислите дека „добрите“ калории не се бројат? Житарките се можеби здрави, ама доколку претерате со нивниот внес, тешко дека ќе успеете да ослабете.

koi-se-5te-najchesti-greshki-za-vreme-na-dieta-2.jpg

2. Се откажувате од одреден вид на храна

Повеќето диети го ограничуваат консумирањето на конкретни намирници, така што драстично се смалува внесот на јаглехидратите, протеините и мастите како важни нутритиенти за секој организам. Истото може да има и спротивен ефект од посакуваниот – дебелеење, нервоза или проблеми со варењето на храната. Поради тоа, не е препорачливо потполно откажување од одреден вид на храна. Потребна ви е златна златна средина – не премногу, но ниту премалку.

koi-se-5te-najchesti-greshki-za-vreme-na-dieta-3.jpg

3. Ги прескокнувате оброците

Таквиот пристап, всушност, ќе ви одземе енергија, а како последица на повеќечасовното изгладнување, организмот ќе почне да троши на сметка на мускулите, а ќе го забави метаболизмот. Според советите на експертите, оптимално е да имате пет оброци во денот – три главни и два меѓуоброка, кои вообичаено се состојат од овошје или некои полесни намирници.

koi-se-5te-najchesti-greshki-za-vreme-na-dieta-4.jpg

4. Ги јадете своите чувства

За луѓето кои се под стрес и со постојани обврски, прејадувањето може да биде момент на слобода. Обидете се да запишете како се чувствувате пред да посегнете по храна, па воочете ја поврзаноста помеѓу своите чувства и она што и колку јадете. На тој начин, механизмот на прејадување по стресната ситуација ќе може да го замените со некоја друга навика, како вежбање, танц или нешто сосема трето.

koi-se-5te-najchesti-greshki-za-vreme-na-dieta-5.jpg

5. Верувате во брзи поправки

Драстичниот план за слабеење, како би блеснале на свадбата или забавата која наскоро ве очекува, може да ви предизвика главоболка, нервоза, лошо расположение, умор, глад или она најлошото – само привремено губење на килограмите.

koi-se-5te-najchesti-greshki-za-vreme-na-dieta-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg