Од искуствата на славните: 9 начини за брзо слабеење


Од искуствата на славните: 9 начини за брзо слабеење

Славните личности во многу работи се разликуваат од обичните луѓе.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-01.jpg

На пример, додека ние секојдневно го одложуваме почетокот на диетата за следниот понеделник, холивудските ѕвезди поголемиот дел од својот живот го поминуваат обидувајќи се да ги задоволат очекувањата кои ги имаме од нив.

Следниве начини за намалување на телесната тежина можеби ќе ви изгледаат чудно, но познатите личности ги користат, а нивниот ефект го гледаме сите ние.

1. Натали Портман – бадеми и моркови

Поради улогата на балерина, Натали мораше да ја намали телесната тежина. Нејзината исхрана не се разликува многу од онаа на нејзиниот лик: половина грејпфрут, моркови и малку бадеми. Сепак, ова е достојно за Оскар, нели?

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-02_copy_copy.jpg

2. Бијонсе – лимон и зачинета вода

Бијонсе одбивала да јаде тешка храна, за да може да ја намали тежината, поради нејзината улога во „Dreamgirls“. Таа 2 недели пиеше само вода со лимон, зачинета со бибер, а понекогаш и со додатоци од свеж зеленчук на врвот.

Резултатот е неверојатен, но пејачката признава дека не би го повторила овој експеримент повторно.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-03.jpg

3. Метју Меконахи – течности

Наградата за најдобар актер, Метју ја доби со вложување на голем напор. Тој со помош на ригорозна диета, за 4 месеци изгуби речиси 20 килограми. Диетата е на база на многу течности и протеини, но Метју го истакнува психолошкиот притисок како најтежок.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-04.jpg

4. Рис Витерспун – бебешка храна

Рис се насочи кон диета на основа на храна за бебиња, после породувањето. Тајната е едноставна, оваа храна е лесно сварлива и не предизвикува прејадување.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-05.jpg

5. Eн Хатавеј – 500 калории дневно

Поради улогата на фабрички работник во „Les Miserables“, Ен мораше да ја намали телесната тежина. Нејзината диета беше условена со дневен внес на не повеќе од 500 калории.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-06.jpg

6. Кристина Агилера – храна во иста боја

Пејачката за себе вели дека јаде невообичаено: секој ден јаде нешто крцкаво, меко, ладно и топло. Храната која ја јаде практикува да биде во иста боја. На пример, доколку во понеделник јаде храна во бела боја, тоа може да биде сирење, урда, кељ и слично.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-07.jpg

7. Кристијан Бејл – конзерва со туна и јаболко

За улогата во „The Machinist“, Кристијан мораше да намали цели 27 килограми во рок од 4 месеци. Неговата диета се состои од конзерва туна и јаболко секој ден, кои не надминуваат 300 kcal.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-08.jpg

8. Мадона – мирисање храна

Како вие би сакале да изгледате на 58 години? Веројатно како Мадона, нели? Пејачката користи навистина чуден метод. Мадона храната која ја припрема не ја јаде, туку само ја мириса. Секако дека ова не може да го практикува постојано, но ја користи оваа метода кога има потреба.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-09_copy.jpg

9. Никол Кидман – 4 тврдо варени јајца

По породувањето, Никол беше принудена на строга диета, заради проектите кои ѝ следуваа. Диетата се состои од едно јајце за појадок, едно за ручек и две за вечера. Диетата е функционална, но не е препорачливо долго да се практикува.

9-najneverojatni-nacini-koi-slavnite-gi-koristat-za-namaluvanje-na-telesnata-tezina-10.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 правила со кои никогаш повеќе нема да кажете: „Морам да почнам со ди... Здравата храна во никој случај не треба да биде мода или предизвик за убаво тело...
Предлог две брзи диети: Слабеење до 5 килограми за 5 дена Брзите диети се обвинети дека ги следи јо-јо ефект, односно дека изгубените кило...
Жолта диета - Исхрана со која намалувате 4 килограми за 8 дена Сончевата или жолта диета е идеална за кога ќе пристигнат топлите, сончеви денов...