5 навики поради кои Французинките не се дебелеат

Тие се познати како дами кои успеваат да останат во топ форма, иако јадат леб, деликатесни сирења и путери, а притоа имаат и три оброци дневно, со секојдневно консумирање вино.

5-naviki-poradi-koi-francuzinkite-ne-se-debeleat-1.png

Французинките вечерите ги сметаат за сензуално уживање и не склони кон диети, а сепак можат да се пофалат со завидна виткост. Во што е тајната?

Петте навики поради кои Французинките не се дебелеат се:

1. Умереноста е клучна

Француската кујна е позната по сирењата, вината, кремастите сосови, кроасаните и разновидните вкусни десерти. Но, Французите не јадат постојано таква храна. А, и тогаш кога ја јадат, јадат помали порции, кои се сосема доволни да ја задоволат нивната желба. Така е и со виното – тоа се пие полека и умерено.

5-naviki-poradi-koi-francuzinkite-ne-se-debeleat-2.jpg

2. Паметен избор на храна

Француските продавници се преполни се полномасна храна, путери, павлаки, сирења, добри парчиња месо, а поретко на полиците ќе најдете безмасна или диетална храна. Но, кога подобро ќе размислите, непреработената храна има полн и задоволувачки вкус, па помалку и се јаде во текот на оброкот. Значи, оброците се состојат од храна која не е обработена, а месото и рибата со зеленчук се оброкот кој најчесто се наоѓа во нивните чинии. Дури и  на децата им се послужува вистинска храна, а не кашички, па уште од најрана возраст се учат да јадат со лажица и вилушка.

5-naviki-poradi-koi-francuzinkite-ne-se-debeleat-3.jpg

3. Французинките сакаат да уживаат

Нивното правило е едноставно: ако јадеш храна која не те задоволува, не е фина или доволна, тоа е лош оброк. Така, Французинките јадат храна која им нуди чувство на задоволство, ама секогаш водат грижа и за рамнотежата. Доколку им се јаде нешто слатко, ќе ја намалат количината на останатата храна, но нема да имаат грижа на совест, ниту пак, нешто ќе му ускратат на своето тело, за што веќе e познато дека не добро.

5-naviki-poradi-koi-francuzinkite-ne-se-debeleat-4.jpg

4. Пешачење

Французинките обожуваат да пешачат, а тоа е уште една тајна на нивните витки линии. Колку повеќе сте зафатени, толку повеќе одите, правејќи му и повеќе добро на своето тело и здравје.

5-naviki-poradi-koi-francuzinkite-ne-se-debeleat-5.jpg

5. Ним оброкот им е гозба

Во храната се ужива полека, а оброците служат за социјализација и одмор, како и уживање. Семејниот појадок, ручек или вечера не се само храна за телото, туку и за душата.

5-naviki-poradi-koi-francuzinkite-ne-se-debeleat-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg