Џабе се мачите со диети: 5 знаци дека ви одговара сегашната тежина

Понекогаш, „застојот“ во губењето на килограмите може да биде знак дека треба уште повеќе да се придвижите. Но, можно е и телото да ви праќа сигнали дека е среќно и дека добро се чувствува поради моменталната состојба.

dzabe-se-machite-so-dieti-5-znaci-deka-vi-odgovara-segashnata-tezhina-1.jpg

Петте работи кои треба да ги земете предвид, како би знаеле дали сте беспотребно се измачувате себеси, се:

1. Не би биле среќни кога би морале да ги зголемите напорите за губиток на килограмите

Кога драстично ќе ги смалите калориите или претерано вежбате, хормоните се „поместуваат“, за полесно одржување на телото.“, вели диететичарката Jennifer McDaniel.

Телото го интензивира производството на хормони на глад, како грелинот, што, пак, ја зголемува вашата желба за јадење. Стресните хормони, како кортизолот, исто така ќе се зголемат. Веројатно ќе се чувствувате слабо и уморно.“, дообјаснува хирургот Caroline Cederquist.

Покрај тоа, вашиот дополнителен напор може нема да биде вреден. Можеби вежбањето од два часа дневно, ќе ви одземе од вашето време за дружење со семејството или за доволно сон. А, чувството на глад може да предизвика и мрзоволно расположение.

Ако сте со лоша волја или имате чувство дека ги пропуштате животните задоволства, вашиот план за слабеење веројатно не е добар.“, заклучува McDaniel.

dzabe-se-machite-so-dieti-5-znaci-deka-vi-odgovara-segashnata-tezhina-2.jpg

2. Немате никакви здравствени проблеми кои се поврзани со тежината

Пред да си поставите граница за тежината, погледнете ја попрво целокупната слика за себеси, советуваат експертите. Важно е да ги земете предвид и останатите фактори поврзани со здравјето, а не само обемот на струкот.

Обрнете внимание на нивото на холестерол, крвниот притисок и шеќерот во крвта. Доколку докторот ви каже дека сѐ од наведеното е во ред и под контрола, тогаш имате „здрава тежина“, без оглед што таа можеби не е и вашата посакувана тежина.

dzabe-se-machite-so-dieti-5-znaci-deka-vi-odgovara-segashnata-tezhina-3.jpg

3. Добро се чувствувате физички

Кога веќе знаете дека ги задоволувате важните здравствени параметри, кои се поврзани со соодветната тежина, размислете за тоа како се чувствувате.

Без обѕир на тоа што можеби не престанувате да сонувате за идеалната тежина и „работите“ на неа, запрашајте се дали имате доволно енергија за активностите или тренинзите, кои инаку би ве исцрпеле.

Тоа се многу поважни параметри за вашето целокупно здравје, одошто рамниот стомак.

dzabe-se-machite-so-dieti-5-znaci-deka-vi-odgovara-segashnata-tezhina-4.jpg

4. Близу сте до идеалната тежина

Доколку вежбите за сила се дел од вашата рутина за слабеење, веројатно сте добиле и малку мускулна маса – и тоа е одлично! Но, бидејќи мускулот е потежок од мастите, границата за тежината треба да ја поставите на повисоко ниво.

McDaniel смета: „Севкупната цел во губитокот на тежината е минимизирање на губиткот на мускули.“

Освен во согорувањето на калориите, мускулната маса ви помага и во одржувањето на доволно сила за секојдневните активности. Покрај тоа, доколку намалите премногу калории во настојувањето да изгубите од тежината, можеби нема да добиете доволно протеини за да ја одржите мускулната маса.

dzabe-se-machite-so-dieti-5-znaci-deka-vi-odgovara-segashnata-tezhina-5.jpg

5. Потребен ви е тим од експерти кои би ви помогнале во достигнување на посакуваната тежина

Не е тајна дека како што старееме, така метаболизмот се забавува, што го отежнува и губитокот на килограмите.

„Многупати, кога сум ги прашала своите клиенти кога последен пат ја имале „посакуваната килажа“, ми одговарале дека тоа било во средно училиште или на денот на венчавката.“ , открива McDaniel. Постигнувањето на таа килажа сѐ уште е возможно. „Но, количината на напор и енергија за да се постигне и задржи, можеби нема да биде одржлива“, нагласува таа.

Сепак, ако сметате дека ви треба личен нутриционист, личен тренер и часови интензивни дневни вежби, за да повторно можете да ги облечете своите омилени фармерки, кои сте ги носеле во текот на студирањето, тогаш можеби е време да ги претворите своите очекувања и во дело.

dzabe-se-machite-so-dieti-5-znaci-deka-vi-odgovara-segashnata-tezhina-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg