Овес, вода и цимет - рецепт за помалку килограми и рамен стомак

Научните истражувања покажуваат дека растворливите влакна од овесот делуваат превентивно на срцето и крвните садови, намалувајќи го нивото на холестерол и делувајќи на апсорпцијата на жолчните киселини.

Oves-voda-i-cimet-recet-za-tenka-figura-i-seksi-stomak-01

Растворливите влакна, исто така, влијаат на функцијата на инсулинот и на тој начин природно го регулираат нивото на шеќер во крвта во текот на денот, што истовремено создава чувство на ситост.

Пијалакот од овес е одличен за одржување на линијата бидејќи:

- Богат е со растителни влакна - кои имаат одлучувачка улога во здравото варење на храната

- Добро делува на црниот дроб - овесот содржи амино киселини, кои му помагаат на црниот дроб да произведува лецитин, кој е одговорен за одвојувањето на мастите од црниот дроб во дигестивниот систем. Накратко, овесот помага за да се спречи појавата на замастен црн дроб.

- Пијалакот е сиромашен со калории, а содржи голем број на витамини и минерали - Тој е природен диуретик кој помага во работењето на бубрезите и придонесува за излачување на вишокот течности од телото преку урината.

Како да го подготвите пијалакот?

Состојки:

  • 1 чаша овесни снегулки
  • 3 чаши вода
  • 1 стапче цимет или 1 лажичка цимет во прав
  • 2 лажички мед или други природни засладувачи

За начинот на подготовка на пијалакот погледнете го следното видео:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина? Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg