Чудесен пијалак кој го продолжува животот: Потребни ви се само 4 состојки

Ви го претставуваме рецептот за долг живот, кој можете да го подготвите мошне брзо и лесно. Направете го овој напиток за долговечност и пробајте го уште веднаш!

chudesen-napitok-koj-go-prodolzuva-zhivotot-potrebni-vi-se-samo-4-sostojki-1.jpg

Потребни состојки:

  • 2 cm корен од ѓумбир
  • 4 моркови
  • 3 јаболка
  • сок од половина лимон

chudesen-pijalak-koj-go-prodolzuva-zhivotot-potrebni-vi-se-samo-4-sostojki-0002.jpg

Начин на подготовка:

Ставете ги сите наведени состојки во блендер и миксирајте сè додека не добиете хомогена смеса. Свежо подготвен, напитокот се консумира наутро, пред појадокот.

chudesen-napitok-koj-go-prodolzuva-zhivotot-potrebni-vi-se-samo-4-sostojki-3.jpg

Зошто е толку ефикасен?

Коренот од ѓумбир помага во намалување на нивото на холестерол и се бори со стомачната бактерија која се смета за одговорна за создавањето на чир на желудникот. Позитивно влијае врз опоравувањето на цревната флора, ја регулира нередовната столица и ги отстранува интензивните главоболки и мигрени.

Морковот е одличен за срцето, забите и непцата. Го заштитува организмот и превенира од појава на срцев удар. Истовремено, морковот го подобрува видот, делува против ракот и ја прави кожата мазна и мека.

chudesen-napitok-koj-go-prodolzuva-zhivotot-potrebni-vi-se-samo-4-sostojki-4.jpg

Јаболкото помага во јакнење на имунитетот, делотворно е за слабеење и ја стимулира работата на бубрезите, црниот дроб и жолчката. Воедно, штити од болести на усната шуплина, го подобрува варењето, го заштитува срцето и крвните садови, ги намалува стресот, заморот и несоницата, одбранбено делува против бактериите и вирусите, а спречува и некои видови на рак.

Лимонот го намалува високиот крвен притисок, ги отфрла токсините, ја намалува болката при артритис, се бори против настинките и грипот, а дејствува и против болестите на усната шуплина и јазикот. Исто така, го зајакнува имунолошкиот систем и спречува развојот на инфекции.

chudesen-napitok-koj-go-prodolzuva-zhivotot-potrebni-vi-se-samo-4-sostojki-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg