Колку е здрав сокот од портокал?

Утрото започнува со појадокот, а сокот од портокал претставува додаток на оброкот со кој се постигнува комплетна балансираност во внесот на потребните витамини и хранливи материи.

kolku-e-zdrav-sokot-od-portokal-2.png

Како симбол за свежина, консумирањето на 100% сок од портокал наутро нуди големи придобивки. Го активира и размрдува метаболизмот и дигестивниот систем, помага да се расоните и  најважно дава чувство на свежина која ве раздвижуваа и полни со енергија за целиот ден. Во продолжение ќе разгледаме неколку од поважните функции кои сокот од портокал ги има врз вашиот организам.

Антиоксидансите кои ги содржи сокот од портокал помагаат во регулирање на дигестивниот систем и на метаболизмот со што се спречува непотребното задржување на течности во организмот,а помагаат и при исфрлањето на штетните масти.

Со пиење на само една чаша 100% сок од портокал без додаден шеќер и без конзерванси директно ќе придонесете кон подобрување на вашето здравје.

Една чаша сок од портокал задоволува 25% од дневната потреба на витаминот Ц во вашиот организам, витамин што преставува неизоставен дел кој помага во зацврстување на коските, одржување на кожата во најдобра состојба и директно влијае во подобрување на  имунолошкиот систем во борбата со сезонските вируси и инфекции.

kolku-e-zdrav-sokot-od-portokal-1.png

Портокалите содржат природни состојки кои помагаат во намалување на ризиците од срцеви заболувања и аритмија, а постојат и истражувања кои велат дека портокалот помага во намалувањето на ризиците од појава на повеќе типови на карцином.

Некои од состојките на 100% сок од портокал помагаат во намалувањето на создавањето на ЛДЛ холестеролот во телото, со што се намалува ризикот од појави на проблеми со срцето.

Вива, 1 литарскиот  100% сок од портокал е произведен од 12 сочни портокали. Без додаден шеќер и без конзерванси, Вива 100% сок од портокал овозможува одличен почеток на денот, помага во воспоставувањето баланс во исхраната и исполнува со чувство на свежина која се преточува во пријатно и среќно расположение кое ќе ве води низ денот.

kolku-e-zdrav-sokot-od-portokal-3.png

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи) Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за ом...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg