За брз детокс и јак имунитет: 3 вкусни пијалаци со лубеница

Лубеницата има безброј придобивки за здравјето. Освен што нé освежува, содржи и ликопен – антиоксидант кој го зајакнува организмот и ги ублажува воспаленијата, а помага и при тегоби во мускулите.

za-brz-detoks-i-jak-imunitet-3-vkusni-pijalaci-so-lubenica-01.jpg

Ние ви предлагаме три едноставни рецепти за пијалаци со лубеница кои делуваат благотворно на организмот:

За детокс на организмот: Вода со лубеница

Потребни состојки:

  • 2 шолји исечкани парчиња лубеница
  • 1 исечкан лимон
  • 1 исечкана краставица
  • 12 ливчиња нане
  • мраз
  • ладна вода

Подготовка:

Исечканото овошје ставете го во бокал и наполнете го бокалот со вода. Оставете го цела ноќ во фрижидер. Бокалот може да се консумира во наредните 2-3 дена.

za-brz-detoks-i-jak-imunitet-3-vkusni-pijalaci-so-lubenica-002.jpg

За обновување на косата и кожата: Сок од лубеница и јагоди

Потребни состојки:

  • 1 мала краставица
  • 1 шолја јагоди
  • ½ шолја лубеница
  • малку бадеми или лешници
  • 1 шолја мраз

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и пијалакот се пие веднаш.

za-brz-detoks-i-jak-imunitet-3-vkusni-pijalaci-so-lubenica-02.jpg

За регенерирање на мускулите: Смути од лубеница и бадемово или кокосово млеко

Потребни состојки:

  • 1 шолја исечкана лубеница
  • 1 шолја бадемово или кокосово млеко
  • 1 лажица мед

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и пијалакот се пие веднаш.

za-brz-detoks-i-jak-imunitet-3-vkusni-pijalaci-so-lubenica-03.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg