Зошто треба да додадете вода во вискито? (видео)

Ако сте од оние луѓе кои сакаат да се опуштат со добро виски по напорниот ден, постои едноставен трик со кој уште повеќе ќе уживате во вкусот на вашиот омилен пијалак.

za-vistinskite-ljubiteli-trik-so-koj-se-podobruva-vkusot-na-viskito-video-001.jpg

Малкумина од нас знаеле дека тајната на доброто виски се крие во водата. Имено, со години наназад, љубителите на виски откриле дека ако додадат малку вода во пијалакот, вкусот се подобрува и вискито е попитко.

Според науката, вискито содржи киселини кои реагираат на интересен начин кога се во допир со водата. Истовремено и ги одбиваат молекулите од водата, и ги прифаќаат.

za-vistinskite-ljubiteli-trik-so-koj-se-podobruva-vkusot-na-viskito-video-01.jpg

Ваквата комбинација ги неутрализира сите „лоши“ вкусови и мириси кои би можело да ги има во пијалакот.

Другата теорија е дека водата го подобрува вкусот на вискито преку соединението guaiacol задолжено за пријатен мирис на вискито. Кога се додава вода, ова соединение се крева на површината и дава пријатна арома.

Сепак, треба да го најдете точниот баланс и да не додадете ни премногу, ни премалку вода. Доволни се неколку капки.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Вкусно смути со модри сливи - помага во подобрување на дигестијата и во борбата со килограмите Пазарите се преполни со свежи модри сливи, а со оглед на тоа што ова овошје е од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg