Ноќни пијалаци за топење на масните наслаги и детоксикација

Во период на славење и прејадување, на телото очајно му е потребна детоксикација и чистење од сите маснотии.

nokni-pijalaci-za-topenje-na-masnite-naslagi-i-detoksikacija-001.jpg

Дозволете си чистење на организмот „преку ноќ“ со овие 3 пијалаци:

Зелен пијалак

  • ½ лимон
  • 1 краставица
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • Половина снопче магдонос
  • 1/3 шолја вода

Сите состојки, убаво измиени и исчистени, ставете ги во блендер. Пијте навечер пред спиење. Пијалакот го забрзува метаболизмот, помага во топење на мастите околу стомакот и ги регулира сите срцеви болести бидејќи го намалува високиот крвен притисок.

nokni-pijalaci-za-topenje-na-masnite-naslagi-i-detoksikacija-01.jpg

Сок од ѓумбир и алое вера

  • 1 лимон
  • 1 краставица
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • 1 лажица сок од алое вера
  • Рака исечкан магдонос или коријандер
  • ½ чаша вода

Сите состојки, убаво измиени и исчистени, ги ставате во блендер додека не добиете еднаква течност. Пијалакот се пие попладне, бидејќи поттикнува детоксикација и ослободување на вишокот течности во телото.

nokni-pijalaci-za-topenje-na-masnite-naslagi-i-detoksikacija-02.jpg

Пијалак со оцет и цимет

  • 1 лимон
  • Рака исечкан магдонос
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • 1 лажица јаболков оцет
  • Стапче цимет или 1 лажичка цимет во прав
  • ½ литар вода

Изблендирајте ги сите состојки и пијте пред спиење. Може и да пиете пред вечерата, за да го намалите апетитот. Комбинацијата на оцет и цимет дава чувство на ситост и ги извлекува токсините од телото.

nokni-pijalaci-za-topenje-na-masnite-naslagi-i-detoksikacija-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg